Ненад Серафимовски (Зубовце, Гостиварско, 1987 – Куманово, 9 мај 2015) — македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар и еден од осумте специјалци кои загинаа во вооружената престрелка во Диво Насеље, Куманово на 9 и 10 мај 2015 година.

Животопис Ненад Серафимовски е роден 1987 година во село Зубовце, Гостиварско

Ненад Серафимовски бил поранешен фудбалер на повеќе македонски клубови. Во својата фудбалска кариера настапувал за Вардар, Работнички, Турново, ФК Скопје и Милано Куманово. Имал настап на повеќе од 60 официјални натпревари на кои постигнал три гола (два во дресот на Вардар).

Тој бил член на единицата за специјални задачи „Тигар“ од 2014 година. Животот го загубил во престрелката на 9 мај 2015 година во Куманово, дочека извршувал службени задачи. Со највисоки почести бил погребан на гробиштата во родното село. Ненад Серафимовски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.

Во 2018 година во паркот кај судот во Прилеп бил подигнат споменик во негова чест. Серафимовски по мајка е прилепчанец и токму затоа споменикот бил поставен во градот херој. Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Починати во Куманово Категорија:Починати во 2015 година Категорија:Носители на на Медалот за храброст на Македонија Категорија:Македонски бранители Категорија:Македонски полициски службеници убиени на должност