Љубица Јосифовска ( во — ?) — учесник во НОВ на Македонија и Носител на Партизанска споменица 1941.
Животопис мини|Љубица Јосифовска е носител на Партизанска споменица 1941. Таа била шивачка. Од 1941 година била член на женска вocпитнa група, а од август истата година, станала кандидат на КПЈ. Во нејзиниот дом била изградена скривница за престој на илегалци и за чување на оружје, кое во текот на 1942 година било пренесено во партизанската база учествувајќи и самата во неговото пренесување. Формирала и раководела две вocпитни групи со кои собирала народна помош и истата преку курири ја префрлувала до партизанската база. На 15 мај 1942 година била затворена и од ВПС осудена на 12 години и шест месеци строг затвор, како мајка на две деца, од кое едното доенче. Во Битолскиот затвор останала до 6 септември 1944 година, кога пред капитулацијата на Бугарија била ослободена, заедно со другите политички затвореници. Веднаш заминала во единиците на НОВ и ПОМ, меѓутоа наскоро била повлечена за работа во заднината на теренот Бачка и Кременичка општина. Во септември 1944 година била примена за член на СКОЈ, а есента истата година била избрана и за член на Општинскиот одбор на АФЖ. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеѓе други одликувања.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Затвореници во Бугарија Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941