Друшка (, Дросја, до 1926 г. Δρούσκα, ДрускаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρούσκα - Δροσιά) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 21 жител (2021)
Географија и местоположба Селото сместено 3 км источно од Острово и 17 км западно од Воден, на надморска височина од 590 м.
Историја Праисторија и антика Кај селото во месноста Сарацина е откриена населба од неолитот. На ридот Градишта има античка населба. Во близина е откриена и римска градба, која веројатно е одмориштето Mutatio ad Duodecim на Вија Егнација.
Османлиско време Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Дружко како македонсконарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика. село.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дружко (Droujko) — село во Воденската Каза со 15 куќи и вкупно 83 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Друшка живееле 68 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 149 Целото население било под црховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дружка (Droujka) имало 32 Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
Во Грција Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 56 жители. Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води селото со 3 македонски куќи. Дел од жителите се иселиле и на нивно место 1924 г. се населени 64 Грци-бегалци, така што во 1928 г. селото се води 67 жители, од кои само 3 Македонци. Во 1926 г. селото е преименувано во Дросја. Сепак, во местото почнале да се доселуваат македонски семејства од други места, па во 1940 г. 152 жители, од кои 66 Македонци и 86 доселени Грци. Статистиката на НОФ вели дека во 1947 г. во Друшка имало 73 Македонци и 101 грчки доселеник.
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и гратчето Острово и селата Русилово, Ново Русилово и Кадрево.
Население Населението на Друшка опаѓа, веројатно поради тоа што селото важи за доста сиромашно. Во деценијата од 2001 до 2011 г. бројот на жители се располовил.
Знаменитости Цркви „Св. Петар и Павле“ во селото „Св. Никола“ — парохиска и гробишна црква „Пресв. Богороица“ од 1924 г. - преку државниот пат на југоисток „Св. Константин и Елена“ — уште појугоисточно, на рид над државнот пат Параклис „Живоносен извор“
Археолошки наоѓалишта Сарацина — населба од неолитот Градишта — праисториска и античка населба Mutatio ad Duodecim — одмориште на патот Вија Егнација
Наводи
Категорија:Воден