Чеган (, Агиос Атанасиос, до 1926 г. Τσέγανη, ЦеганиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσεγάνη -- Άγιος Αθανάσιος) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 41 жител (2021) и до денес е целосно населено со Македонци. Традиционална селска слава е Спасовден. Поновото село Нов Чеган (, Неос Агиос Атанасиос), 4 км северозападно од Чеган има 449 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во југозападните падини на планината Ниџе, 30 км западно од Воден и надморска височина од 1.220 м. Селото е изградено на висорамнина високо на составната планина Мала Ниџе, во борови шуми под врвот Пиперица (1.998 м). Во атарот влегува и некогашното село Бегна, каде жителите на Чеган имаат имоти останати од времето кога било посебна населба.
Историја Османлиско време Познато е дека црквата „Вознесение Христово“ во Чеган датира од 1700 г.Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Чегано како македонсконарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика село.Григоровичъ, Викторъ. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 92. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Чеганче (Tchegantche) имало 124 домаќинства со вкупно 547 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Чеган живееле 750 Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 149.
По Илинденското востание целото село потпаднало под црковно владеење на Бугарската егзархија.Христо Силянов. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 126. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чеган има 1 200 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 190-191.
Во 1902 г. Христо Силјанов запишал за Чеган:
През 1908 г. в селото се открива народно училиште. Според просветниот деец Георги Трајчев, ова било четиригодишно основно училиште, а имало и едно забавиште.Етнография на Македония. Извори и материали в два тома, София 1992, т. II, стр. 95, 258.
Припојување кон Грција мини|десно|250п|Куќа во Чеган Со Букурешкиот договор во 1913 г. е припоен кон грчката држава, кога имал 1.043 жители. При акцијата за собирање на оружје, грчките единици на чело со грчкиот свештеник претепале шестмина жители на селото.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 183
За време на Првата светска војна во август 1916 г. на подрачјето на Чеган се развивала големата Чеганска офанзива (Леринска битка) меѓу Бугарите и Антантата, по што за кратко Бугарите успеваат да го заземат селото. Во 1920 г. во Чеган се евидентирани 948 жители. Во 1926 г. селото е преименувано во Агиос Атанасиос, но името „Цегани“ се употребува и денес.Αγιος Αθανάσιος (Τσέγανη)
Втора светска, Граѓанска војна и преселување Чеган значително настрадал Втората светска и Граѓанската војна, во кои многу жители загинале како активни борци во борбата против фашизмот. Бројни семејства биле принудени да се иселат во Р. Македонија и источноевропските земји, а самото село останало напуштено. Жителите биле преселени нешто пониско, во новосоздаденото село Нов Чеган (Неос Агиос Атанасиос), 8 км северозападно од старото. По нормализацијата на состојбите, дел од жителите се вратиле и го обновиле селото, но населението веќе било значајно намалено и понатаму опаѓало, за што сведочи фактот што денес тоа има само 67 жители. Присилното иселување на селаните се смета за политичко-стратешка одлука, со цел да се олесни нивната асимилација поради блискоста на новото место со сообраќајниците. Старото село на почетокот на XXI век во голема мера станало туристичка атракција во се изградени десетици нови куќи во традицонален стил со камени и современи ќерамидни покриви, сепак губејќи го автентичниот изглед.
Стопанство мини|десно|250п|Поглед кон (Стар) Чеган (горе десно) и Нов Чеган (долу лево) од Ниџе. Жителите на Чеган се занимаваат претежно со сточарство, но произведуваат и многу ореви, костени, цреши како и ограничени количества пченица и пченка.
Население Намалувањето на жителите се должи принудната преселба на жителите во Нов Чеган, но и на преселувањето на неколку десетини семејства во градовите во земјата и во странство.
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Чеган, каде спаѓа и селото Нов Чеган.
Цркви „Вознесение Христово“ (1700)
Иселеништво На 26 декември 2008 г. во Скопје е регистрирано „Здружението „Чеган“, со полно име Здружение на бегалците и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Чеган“. На 23 мај 2009 г. во организација на здружението во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ е одржана панихида за борците од Чеган загинати во периодот од 1922 до 1949 г. На 28 мај истата година во кругот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, во чест на селската слава Спасовден, претставници од здружението „Чеган“ положиле цвеќе на гробот на Гоце Делчев.
Личности Родени во Чеган Атанас Поплазаров (1867-?) — војвода на ВМРО Атанас Попов — револуционер на ВМРО, војвода на селската чета од Чеган во Илинденското востаниеНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 135. Мара Капиданчева (1923-1944) — учесник во НОВ на Македонија, борец на ЕЛАС. Мите Чичеков — деец на ВМОРО, убиен од младотурците Мице Чегански (Димитар Христов, 1875 - 1970) — војвода на ВМОРО и ВМРО Пецо Стојанов (? - 1903) — револуционер загинат во Баница Ташо Лаков — револуционер на ВМОРО Христо Василев Колчев — деец на ВМОРО, војвода на четата од родното село, подоцна нелегален четник кај Тане Стојчев, загинал заедно со војводата на 28 јуни 1907 г. кај Чеганските колибиНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, С. 2001 Христо Пандели Колчев (1926-?) — јатак на ЕЛАС (1944-1945), борец на ДАГ (1947-1949), во 1949 г. заминат во Бугарија на лечење и останал да живее во Варна Прим. д-р Јане Димулковски — невропсихијатар По потекло од Чеган Ставре Џиков (р. 1952) — истакнат правник
Поврзано Нов Чеган Бегна — поранешно село на дел од чеганското население Чеганска офанзива Чеган Планина
Наводи
Надворешни врски
Здружение „Чеган“ на Facebook