Центаршут — додавање повисоко од фудбалерите од една од аут-линиите во противничкиот шеснаесетник.

Топката обично се удира со внатрешниот дел од стапалото. Овој начин на удирање на топката ѝ дава вртење, што влијае на нејзината траекторија (видете го ефектот на Магнус). Топката на тој начин во воздухот може да се извие кон или од голот. Навалувањето наназад на играчот што го изведува центаршутот и силата на шутот ја одредуваат висината на центаршутот. Ефето што го добива топката од изведувањето на центаршутот му отежнува на голманот да ја процени неговата насока. мини| (Лош) центаршут кој не е нафрлање, туку топката завршува во голот на противникот со вртење. Посебен облик на центаршутот е изведувањето корнер, но само ако не е изведен со „кратко“ додавање.

Во најширока смисла, и високо додавање на играч од средниот ред во шеснаесетникот може да се нарече центаршут.

Слично на тоа, ниските додавања по земја или веднаш над неа во противничкиот шеснаесетник се нарекуваат ниски центаршутеви.

Наводи

Категорија:Фудбалска терминологија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ