Dianthus leucophoeniceus — вид каранфил опишан од Дерфлер и Август фон Хајек. Dianthus leucophoeniceus е во родот Carnation и семејството Caryophyllaceae.
Опис и распространетост
Повеќегодишно растение, високо до 70 см. Стеблото е сивкаво зелено, исправено, долу округло, горе четириаглесто. Листовите при основата се речиси четинести, најчесто преклопени, широки 0,5-2(3) мм, со ситни четинки по рабовите и по жилите на долната страна. Листовите на стеблото се плоснати, покуси од интернодиумите, четинести или тесно линејни, широки 0,7-2 мм, со четинки по рабовите и трите жили на долната страна. Лисните ракавци се долги 4-5 пати повеќе од нивната ширина. Цветовите се бројни, собрани во компактни главички; прицветниците се копјести, кожести, со тесен ципест раб, белузлави или светлоокер горе, завршуваат со темнокафеав или црвеникав осил долг 3-5 мм. Чашкините лушпи се четири, белузлави или светлоокер, кожести, со широк ципест раб, преминуваат во кратко кафеаво осилче до 1 мм; долги се до една третина од чашката. Чашката е долга 10-15 мм, широка 3-4 мм, силно пурпурна; запците долги 1 мм, рабовите со кратки влакненца, долниот дел пурпурен, врвот светлокафеав. Венчето е долго 4-8 мм, назабено, при основата влакнесто, темнопурпурно.
Расте на варовнички камењари и пасишта во субмонтански и монтански појас до 1600 м. Не многу често растение.
Се среќава во Скопје (с. Јаболци, с. Петровец, Катлановска Бања, Жеден, Радуша), Жеденска Клисура, Таорска Клисура, Маврово (Маврови Анови, с. Врбен), Кораб (с. Жужње) и Стогово (с. Гари).
Галерија
Наводи Dörfler & Hayek, 1921 In: Österr. Bot. Z. 70: 13 World Plants: Synonymic Checklists of the Vascular Plants of the World
Надворешни врски
Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија