Националниот парк Шорски (руски: Шорский национальный парк) е пошумена, планинска област во југозападен Сибир, каде што Западносибирската Низина се среќава со Јужносибирските планини.
Претставува збир од области покриени со темни тајги (92% од паркот е пошумен) и со површина од 4,180 км2. Паркот опфаќа над една третина од Таштаголскиот округ на јужниот крај на Кемеровската област, околу 300км јужно од градот Кемерово. Областа е дом на народот Шорс и историски е поврзана со рударската и дрвната индустрија пред да биде прогласена за заштитено подрачје во 1999 година.
Топографија Поголемиот дел од паркот е составен од планини со средна големина, со длабоки речни долини. Планините се со просечна висина од 500 до 800 метри и во висина над нивото на морето, со максимална надморска височина од 1,555 на планината Кубез.
На запад се граничи со гребен од повисокиот планински венец Алтај додека на исток со венецот Абакан. Реката Мрасу (што на шорскиот јазик значи „Сибирска борова река“) е главната река низ паркот, која тече од север кон југ низ неговата средина. Паркот се протега на 110км од север кон југ и 90км од исток кон запад. Голем дел од геологијата е карстен пејзаж, со растворливи карпи како што е варовникот кои создаваат услови за извори, пештери и необични карпести формации. лево|мини|Шор, округ Таштогал Паркот е пристапен и обезбедува патеки до одредени интересни релјефни форми, а меѓу нив се „Водопадот Сага“, повеќеслојна каскада преку карпи до мирен базен и пештера од висина од 15 метри; карпите „Царева порта“, голема формација со дупка низ неа на возвишение над реката Мрасу; пештерата „Месечина“, долга 200 метри и покриена одвнатре со сталактити и сталагмити; пештерата „Азаској“, која се одликува со голема галерија и над 60 други именувани пештери и изданоци.
Клима Климата во Шорски е влажна континентална клима, топли лета. Оваа клима се карактеризира со големи осцилации во температурата, и дневни и сезонски, со благи лета и студени, снежни зими.
Невообичаените карактеристики на областа се должат на оддалеченоста од океанот, топографијата на околното подрачје и локалните западни ветрови - паркот е област со локални високи температури и обилни врнежи (просечните врнежи се 950 мм/годишно, а просечната снежна покривка е 70 см).
Растенија Паркот се наоѓа во таканаречен екорегионот „Сајански планински четинарски шуми“. Шумската област е јужносибирска тајга, а сибирскиот бор и сибирската елка се најчести дрвја. Поретки се смреката, борот и јасиката; врбите се наоѓаат по ниските поплавни рамнини. Разновидноста на растенијата во Шоркси ја одразува позицијата на паркот како пошумена преодна зона помеѓу планините Алтаир и долните сибирски земјишта. Паркот има регистрирано 51 вид дрвја и грмушки, над 600 васкуларни растенија, 300 видови мов и над 200 видови печурки.
Животни Големи цицачи во паркот вклучуваат кафеава мечка, елен, срна, визон и самур (по што областа е особено позната). Постојат 61 регистрирани видови цицачи, 183 видови птици и 14 видови риби. Други предаторски цицачи вклучуваат волк, лисица, лакомец, ласица, голема ласица, визон, видра, јазовец и рис. Постојат релативно малку видови поврзани со степски и шумско-степски предели.
Историја Домородното племе Шор традиционално го сметало ова подрачје за свој дом. Историски гледано, тие биле познати во Русија по своите вештини за топење железо и по практикувањето на шаманизмот. Денес, во паркот има мали села Шор покрај речните брегови. Активната сеча во областа престанала по создавањето на паркот, а зрелата шума сега расте.
Туризам Посетителите се добредојдени; планинарењето, јавањето коњи, качувањето и истражувањето на пештери се популарни. Билети за заштитеното подрачје може да се добијат во седиштето на паркот во градот Таштагол. Туристичките водичи во областа обезбедуваат водени планинарски тури, тури со рафтинг по реката Мрасу и објекти надвор од паркот. Во паркот има три засолништа во кои посетителите можат да престојуваат во дрвени колиби во сите сезони.
Наводи
Надворешни врски
Карта на Парк, Пенсилванија, Русија Топографска карта
Категорија:Национални паркови во Русија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:МСЗП-Категорија II