Scutellaria hastifolia е вид цветно растение кое припаѓа на семејството усноцветни.

Опис Повеќегодишно тревесто растение, расте во висина од 20-40 см. Стеблото исправено, во основата речиси голо, листовите се прости, копјевидни, а цветовите се собрани во ретко соцветие, растат на дрѓки долги 1-2 мм.

Распространетост и живеалиште

Неговиот опсег е од Европа до Западен Сибир и Кавказ.

Расте на влажни места, покрај потоци и реки, влажни ливади, мочуришта и слично.

Во Македонија го има во Скопје, Катлановско Блато, Петровец, Велес, Битола, село Новаци, Тополчани, Дабничка Планина, и Гевгелија.Владо Матевски: Флора на РС Македонија, МАНУ, Скопје, 2021 г., том 2, свеска 2, стр. 230 Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија