Превиткана незаборавка () — вид цветно растение од семејството Boraginaceae. Hassler M. (2019). World Plants: Synonymic Checklists of the Vascular Plants of the World (version Nov 2018). In: Species 2000 & ITIS Catalogue of Life, 2019 Annual Checklist (Roskov Y., Ower G., Orrell T., Nicolson D., Bailly N., Kirk P.M., Bourgoin T., DeWalt R.E., Decock W., Nieukerken E. van, Zarucchi J., Penev L., eds.). Digital resource at www.catalogueoflife.org/annual-checklist/2019. Species 2000: Naturalis, Leiden, the Netherlands. ISSN 2405-884X.

Опис Свитканата незаборавка е едногодишно растение, високо 5 до 15 см. Стебленцето ѝ е обично вертикално или се издигнува, неразгрането или често од основата разгрането, со кукесто свиткани влакна во долниот дел и со стрчести меки влакна во горниот дел. Базалните листови издолжено-елиптични, копјести до лопатовидни, долги 5 до 20 мм долги, широки 3 до 5 мм широки, во основата стеснети во дршка, од долната страна со кукесто свиткани влакна, од горната страна со полуприлегнати прави влакна. Стеблените листови елиптични или копјести со нешто помали димензии и со слична влакнавост како и базалните листови. Цветовите во врвниот дел се собрани во збиено срповидно соцветие кое при создавање на плодот се издолжува. Цветните дршки се многу куси, ретко подолги од 1 мм, при образување на плодовите се свиткани надолу и речиси секогаш свртени кон основата на стеблото. Чашката е долга 1,5 до 2 мм, при образување на плодот се издолжува до 4 мм, всечена до 1/3 на 5 издолжено-триаголни запци, со густи кукесто свиткани влакна, како и со меки прилегнати нежни влакна во основата, отпаѓа. Проширениот дел од венчето е рамен со пречник до 1,5 мм, венчето е темно до светлосино. Оревчињата се тесно елиптични, долги 2 мм, широки 1 мм, кафеави.

Живеалиште На каменливи суви места, покрај патишта, најчесто во појасот на брдските пасишта, на надморска височина од 200 до 1000 м.

Распространетост Јужна Европа, Западна и Средна Азија (Јужна Шпанија, Македонија, Албанија, Грција [вклучувајќи го и Крит], Крим, Казахстан, Туркменистан, Ерменија, Турција, Североисточен Ирак, Иран, Авганистан, Кипар, Либан, Сирија, Узбекистан, Киргистан, Таџикистан, Пакистан, Североисточна Индија).

Македонија Скопје – Матка; Жеденска Клисура – с. Рашче, с. Дворце; Сува Гора – Дол; Маврово: Маврови Анови – Трница; Бистра – Јанче.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Европа Категорија:Незаборавка Категорија:Флора на Македонија