Трајан Стојановиќ (20 јули 1921 – 21 декември 2005) ― југословенско-американски историчар и професор по историја од македонска народност. Тој предавал на Ратгерзовиот универзитет. Тој специјализирал историја на Балканот.
Животопис Тој бил роден во Градешница, Мариово, тогаш дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Подоцна, неговото семејство се преселило во Рочестер, Њујорк, каде што израснал. Во време кога на работничката класа и доселениците им било тешко да стекнат високо образование, тој дипломирал на Универзитетот во Рочестер. Откако служел во Армијата на Соединетите Држави за време на Втората светска војна (1942–45), тој магистрирал на Универзитетот во Њујорк и докторирал на Универзитетот во Париз во 1952 година, каде што станал главен лик во меѓународно влијателната школа „Анали“ по историја.
Стојановиќ четири децении бил предавач по европска и светска историја на Ратгерзовиот универзитет. Исто така, тој предавал на Универзитетот во Њујорк, Универзитетот во Калифорнија, Беркли, Стенфордскиот универзите и Универзитетот „Сер Џорџ Вилијамс“ (преименуван во Кондордискиот универзитет) во Монтреал, Канада. Предавал на Универзитетот во Солун, Грција, од 1958 до 1959 година, со грант од Фулбрајтовата стипендија.
Тој го применил своето образование во проучувањето на Балканот, објавувајќи ја книгата „Студија за балканската цивилизација“ (1967), која е сметана за класичен и голем образовен текст. По пензионирањето, тој објавил збирка статии и есеи во четири тома, „Помеѓу Истокот и Западот, балканскиот и медитеранскиот свет“ (1992–1995), како и „Балкански светови: Првата и последната Европа“ (1994), богата со увиди и разбирање и за Балканот и за европската цивилизација. Многу од неговите дела биле преведени на српски јазик и објавени во СФРЈ, како и на други поголеми јазици.
Д-р Норман Марковиц, директор на Институтот за ресурси за правда, професор по историја на Ратгерзовиот универзитет, добро се сеќавал на него:
Тој бил член на Советодавниот одбор на Истражувачкиот институт за Јасеновац. Тој продолжил да работи како научник сè до својата смрт на 21 декември 2005 година, во Њу Бранзвик, Њу Џерси, по долга борба со ракот.
Семејство Трајан Стојановиќ бил во брак со француската сликарка Марсел Стојановиќ, која била активна претежно во Париз . Неговата ќерка Дијана Стојановиќ (порано моден уредник во „L'Officiel“ и директор за публицитет на „Анри Бендел“), се омажила во 1986 година за Чарлс Х. Ревсон помладиот, наследник на Чарлс Ревсон и имаат два сина, Чарлс Х. Ревсон III и Александар Трајан Ревсон. Неговиот син Кристијан Стојановиќ е сценарист.
Избрани дела
Моделот на српската интелектуална еволуција 1830-1880. 1959. Освојувачки балкански православен трговец. 1960. Студија за балканската цивилизација. Кнопф, 1963. Француски историски метод. Издавачка куќа на Универзитетот Корнел, 1976. Помеѓу Истокот и Западот: Балканскиот и Медитеранскиот свет. 1992–1995, 4 тома. Балкански светови: Првата и последната Европа . Армонк, Њујорк и Лондон, Англија: М.Е. Шарп, 1994. Вовед во Балканот од 1453 година, од Лефтен Ставрос Ставријанос. Њујорк: Њујорк Јуниверзити Прес, 2009.
Наводи
Извори
Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Починати во 2005 година Категорија:Луѓе од Градешница Категорија:Југословенски доселеници во Соединетите Држави Категорија:Југословенски писатели Категорија:Американски Македонци Категорија:Соединетодржавски иселеници во Франција Категорија:Соединетодржавски машки писатели од 20 век Категорија:Апсолвенти на Рочестерскиот универзитет Категорија:Доктори на Парискиот универзитет Категорија:Магистри на Њујоршкиот универзитет Категорија:Наставен кадар на Ратгерзовиот универзитет Категорија:Балканистика Категорија:Историчари по балканистика Категорија:Србомани Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет