Никола Маца (10 март 1790 – 2 август 1865) бил италијански католички свештеник и учител од Верона во 19-ти век.

Неговите мисии како свештеник биле посветени на евангелизација на Централна Африка, поради што се стекнал и со прекарот „Дон Конго“ од страна на неговите современици. Покрај свештеничките мисии, тој бил посветен на обезбедување еднакво образование за луѓе од сиромашни семејства и образование во традиционален христијански дух.

Процесот за неговата беатификација започнал во 1925 и завршил во 2013 кога Папа Франциск го прогласил за Почитуван.

Живот Роден е во 1790 во Верона како најстарото дете на семејство трговци. Неговите родители, Луиџи Маза и Роза Пајола, држеле продавница за свила и ткаенини во Плоштадот на билките, еден од најзначајните пазарски плоштади во Верона во времето на Римското Царство. По Првиот италијански поход на Наполеон Наполеон Бонапарт, тој заедно со неговото семејство во 1797 се преселиле во мало селце наречено Марцелиз, дел од Италијанската комуна Сан Мартино Буон Алберго. Во 1821 година, неговиот татко бил принуден да го продаде својот имот и вила поради финансиски тешкотии. десно|мини|Маца ги благословува мисионерите.

Беатификација Процесот за неговата беатификација започнал во 1925 и истрагата траела до 1927. Неговите записи биле одобрени на 30 март 1931 година, а втор процес започнал во Верона во 1934 и бил затворен во 1937. Последната истрага за неговиот живот била започната во 1988, и завршила во 1989.

Тој бил прогласен за Почитуван на 3 јуни 2013 од страна на Папа Франциск, кој потврдил дека Маца поседувал херојска доблест, еден од условите за беаитификација.

Наводи

Надворешни врски

Хагиографски круг Категорија:Починати во 1865 година Категорија:Родени во 1790 година Категорија:Свештеници Категорија:Италијански свештеници