Државен архив во Вуковар (, српски: Државни архив у Вуковару) ― главната јавна установа одговорна за зачувување на архивски материјали во Вуковарско-сремската Жупанија, кој се наоѓа во Вуковар, источна Хрватска. Државниот архив содржи приближно 243 збирки, со вкупно над 1.500 линеарни метри архивски материјал.
Историја Архивот бил основан со одлука на Владата на Хрватска во 2007 година и започнал со работа во 2008 година. Архивот е организациски поделен на две местоположби, со формално седиште и администрација во Вуковар и архивски материјали со стручњаци во Винковци. Со оглед на тоа што Винковци е најголемото и средишно сместено урбано населено место во жупанијата, многу други јавни установи во областа се поделени помеѓу двата града. Пред отворањето на архивот, целото подрачје било покриено од страна на Државниот архив во Осиек.
Поврзано
Список на архиви во Хрватска Историски архив „Срем“ (во војводинскиот дел на Срем)
Наводи
Надворешни врски
Службено мрежно место Категорија:Историја на Срем Категорија:Историја на Славонија Категорија:Архиви во Хрватска Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на хрватски Категорија:Историја на Вуковар Категорија:Згради и градби во Вуковар Категорија:Појавено во 2007 година во Хрватска