Corydalis solida — вид цветно растение од семејството афиони, по потекло од влажни, засенчени живеалишта во Северна Европа и Азија. Растејќи до 25 см, тоа е пролетно ефемерно растение, со лисја кои се појавуваат напролет и паѓаат до неговиот туберозен подлог во лето. Се одгледува поради неговите длабоко разделени, папратни лисја и тесни, долги цветови што се појавуваат напролет. Цветовите покажуваат варијации во бојата и може да бидат виолетови црвени или бели.
Опис
Листовите се со долги дршки и се синозеленикави. Тие се тројни или два пати тројни, од втор ред насечени до средината или до основата на два или три дела, а деловите од последниот ред се тесно овални, тапи или заострени, а понекогаш копјести или линејни. Соцветијата се образувани од 10-20 цвета. Цветовите во пазувите на прицветните листови можат да бидат целокрајни, малку всечени или длабоко всечени. Дршките на цветовите се долги 10–20 mm и расперени, а по боја се розови и поретко бели со должина од 16–25 mm. Чашкини ливчиња нема.
Шпората на горното венечно ливче на врвот е слабо свиена надолу, обично права и толку долга колку што е останатиот дел на венчето. Долното венечно ливче во основата може да биде торбесто подуено. Плодот е кутијка која е долга 10–25 mm и која по големината е скоро еднаква со дршките на плодот. Семките се долги 1,5 – 3 mm, глатки, светликави.
Систематика
Видот првично бил именуван во 1753 година од Линеј како сортата solida од неговата Fumaria bulbosa. Филип Милер го одгледал во видот F. solida во 1771 година. Неговото денешно припишување на родот Corydalis го направил Жозеф Филип Клервил во 1811 година.. pp. 40-47
Препознаени се четири подвида: C. solida subsp. incisa Lidén C. solida subsp. longicarpa Lidén C. solida subsp. solida; Листовите се два пати тројни, а прицврстените листови се насечени скоро до 2/3. Широко распространет подвид. C. solida subsp. subremota Popov ex Lidén & Zetterlund
C. solida subsp. incisa(бледо виолетови цветови) ја доби наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.
Распространетост во Македонија
Corydalis solida е многу често растение кое е распространето во грмушестите состоини, шумите и планинските пасишта.
var.solida има многу ограничено распространување. Познат е за западните планини од 1700–2700 m, и тоа: Шар Планина, Дешат и Бистра. Веројатно го има и на планината Кораб. Многу потсетува на var, taygetea Fedde. var. densiflora(Presl) Boiss., Fl. Or. 1:129 (1867). Syn.: C. densiflora Presl, Del. Prag 10 (1822); C. solida subsp. densiflora (Presl) Hayek, Prodr. F1. Pen. Balc. 1:364 (1925) е многу распространето растение, главно до 1200 m. Се среќава во околината на Водно, клисурата на река Пчиња, Козјак, Плетвар, Крушево, Осогово; Беласица, Голак и Смрдлива Вода. Се посочува за Скопска Црна Гора, Јакупица, Голешница и Кораб, Галичица, Кајмакчалан, Бабуна и Баба со Пелистер меѓутоа, тие податоци можеби се однесуваат и на некои други таксони. Се посочува и f. australis Hausm. за долината на реката Треска и Смратливец како и за планината Рудока. var. brachyloba Boiss.,Fl. Or. 1:129 (1867) Растение со поограничено распространување. Го има на Јакупица, Скопска Црна Гора, Жеденска Клисура, клисурата на Мавровска Река, манастирот Трескавец. var. subintegra Casp.ex Koch, Synopsis 3 ed. 1 (1):69 (1892) - Покрај грмушките по падините на Беласица над село Банско. var. tenuisecta Boiss. По варовничкиот камењар на Галичица до 2000 m. Се посочува за Даутица. subsp. slivenensis (Vel.)Hayek, Prodr. Fl. Pen. Balc. 1:364 (1925). Syn.: C. slivenensis Vel., Fl. Bulg. 20 (1891) Се одликува со поограничено распространување. Познато само за Водно, Жеденска Клисура, Куманово; Битола. Се посочува за долината на Црна Река.
Белешки
Наводи
Надворешни врски Distribution map at Virtuella floran
Категорија:Афиони Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година