мини|десно|300п|Поврзаностa на синоптичките евангелија.

Синоптички евангелија — збирен поим за евангелијата според Матеј, Марко и Лука поради сличноста на нивниот текст, често по слична последователност и слични или истоветни зборови. Тие се разликујваат од Евангелието според Јован, чија содржина е прилично различна. Поради нивната сличност, тие може да се стават во три столба и да се се следат со еден поглед, па затоа го носат поимот „синоптички“ (придавка од , од „со“ и „гледање“.

Општо е прифатено дека изразената напоредност помеѓу трите евангелија во содржина, распоред и избор на зборови се должи на меѓусебната зависност на текстовите, иако стручњаците ја имаат разгледувано и улогата на усменоста и помнењето на изворите. Во поново време библистиката се се занимава со образложување на поврзаноста на евангелијата врз основа на тогашните начини на сочинување на раскажувањата и со споредба со други историски биографии од стариот век. Точната природа на нивната поврзаност е тема на понатамошна расправа, и засега нема соглоасност за конечно решение. Мнозинскиот став е во полза на т.н. Марково првенство, според кој Матеј и Лука непосредно се служеле со Евангелието според Марко како извор, а воедно и дека Матеј и Лука црпеле и од друг хипотетички документ наречен Q, макар што сè повеќе наоѓа прифатеност хипотезата дека Матеј преземал од Лука или обратно, без Q.

Структура мини|Смирувањето на бурата е раскажано во сите три синоптички евангелија, но не и во Јовановото. Заеднички одлики

Во поширока смисла, синоптичките евангелија се слични на Јован: сите имаат слична должина, напишани се на коине (тогашниот грчки) и завршени помалку од еден век по смртта на Исус. Се разликуваат од некаконските извори како Евангелието според Тома по тоа што му припаѓаат на стариот биографски жанр, и ги содржат не само учењата на Исус, туку и временски подредени раскажувања за неговото потекло, јавна дејност, страсти, чуда и воскресение. Овој начин на раскажување е типичен за старовековните биографии за вистински личности и историја.

Меѓутоа, синоптичките евангелија во голема мера се разликуваат од Јован по содржината и стилот, а инаку имаат многу заедничко меѓусебе. Иако секое евангелие има извесен уникатен материјал, најголемиот дел од Марко и половина од Матеј и Лука се совпаѓаат по содржина, по истиот редослед, а често до збор. Заедничиот материјал се нарекува тројно предание.

Тројно предание

Тројното предание, материјалот заеднички за сите три синоптички евангелија, опфаќа многу приказни и учења:

Зачалата на тројното предание се распоредени по истиот редослед во сите три евангелија. Материјалот присутен во само две евангелија.

Класификацијата на текстот како почеток на тројното предание (па и двојното предание) не е секогаш конечна, зависно од бараниот степен на сличност. Матеј и Марко кажуваат за проколнувањето на смоквата,Матеј 21,18-22Марко 11,12-24 единствен настан, иако имаат различни зборови и содржина. Во Лука, единствената парабола за јаловата смокваЛука 13,6-9 се наоѓа на различно место во раскажувачкиот редослед. Некои велат дека Лука има поголема преработка на елемент од тројното предание, додека пак други ја сметаат за различно зачало.

Пример

thumb|Христос го исцелува лепрозниот. Мозаик од катедралата во Монреале, Сицилија.

Илустративен пример за трите текста напоредно е исцелувањето на лепрозниот:

Матеј 8,2-3 Марко 1,40-42 Лука 5,12-13

Поевќе од половина зборови во текстот се истоветни. Секое евангелие има зборови отсутни во другите два и изоставува нешта кои тие го имаат.

Поврзаност со Марко мини|Марко како го пишува неговото евангелие, од средновековен ерменски ракопис. Самото тројно предание сочинува целосно евангелие прилично слично на најраткото евангелие — Марковото.

За разлика од Матеј и Лука, Марко додава само малку во тројното предание. Зачалата присутни само во Марко се ретки; две исцелувања со плункаМарко 7,33-36; 8,22-26 и голиот младич.Марко 14,51-52 Неговите додавки кон тројното предание се објаснителни разработки (на пр. „ка­ме­нот е одвален, Марко 16,4) или арамеизми (на пр. „Талита, куми!“Марко 5,41). Зачалата кои Марко ги дели само со Лука исто така се прилично малку: егзорцизмот во КапернаумМарко 1,23-28, Лука 4,33-37 и заминувањето од Капернаум,Марко 1,35-38, Лука 4,42-43 непознатиот истерувач на демониМарко 9,38-41, Лука 9,49-50 и лептите на вдовицата.Марко 12,41-44, Лука 21,1-4 Поголем број, но не многу, ги дели со Матеј, од кои се издвојува таканаречената „голема изоставка“ од Лука на Марко 6,45-8,26.

Највеќето стручњаци ги сметаат овие согледувања за показател за книжевната поврзаност помеѓу синоптичките евангелија и посебното место на Марко во тој однос, иако разни библисти укажуваат на целосно усна поврзаност или помнење на преданија наместо просто препишување. Евангелијата како преданија за Исус се раскажувале усно во најраните години на христијанство, и во тоа најпрво време немале книжевен карактер. Највеќето познавачи се определуваат за Марково првенство, според кое Марковото е првото евангелие, а Матеј и Лука се користеле со него, преземајќи материјал и правејќи прилагодувања за своите евангелија. Главна алтернативна хипотеза е Маркова подоцнежност, која смета дека Марко црпел од она што Матеј и Лука го имале како заедничко.

Двојно предание

мини|десно|320п|Проповедта на Јован Крстител во Матеј и Лука, каде разликите се со црни букви.Матеј 3,7-10 и Лука 3,7-9. Тука двата текста се сложуваат дословно (со еден изолиран исклучок) во опсег од преку шеесет зборови. Марко нема ваков текст. Големо количество на материјал — двестотини стихови или околу половина од тројното предание — се зачалата заеднички за Матеј и Лука, но отсутни кај Марко. Ова се нарекува двојно предание. Во ова предание преовладуваат параболите и другите кажувања, но има и раскажувачки елементи:

За разлика од материјалот на тројното предание, оној на двојното предание е поинаку структуриран во двете евангелија. На пример, долгата Беседа на гората кај Матеј се сопоставува со покусата Беседа на рамницата кај Лука, при што остатокот од содржината е расеана низ Лукиното евангелие. Ова е во склад со општиот образец каде Матеј собира кажувања во големи блокови, додека пак Лука го прави спротивното, ставајќи ги на разни места во раскажувањето.

Покрај самото двојно предание, Матеј и Луга често се во несовпаѓање со Марко во рамките на тројното предание до различни мери, поенкогаш ставајќи неколку дополнителни стихови, а понекогаш само со по еден различен збор. Овие се нарекуваат големи и мали несовпаѓања (разликата е непрецизна). Еден пример е раскажувањето за страстите, каде Марко има само „Проречи!“Марко 14,65 додека Матеј и Лука додаваат, „Кој Те удри?“Матеј 26,68, Лука 22,64

Потеклото на двојното предание, со неговите мали и големи несовпаѓања, е клучен аспект на синоптичкиот проблем. Наједноставната хипотеза вели дека Лука се потпира на Матеј или обратно. Но многу библисти, по различни основи, велат дека ниту Матеј ниту Лука не се ползувале со текстовите на другиот. Во тој случај, тие мора да црпеле од некаков заеднички извор, различен од Марко, кој го содржи материјалот на двојното предание и се преклопува со содржината на Марко кајшто има големи совпаѓања. Овој хипотетички документ се нарекува Q, од германскиот збор Quelle што значи „извор“.

Специјален Матеј и Специјален Лука

Евангелијата според Матеј и Лука содржат големо количество материјал отсутен во другите евангелија. Овие материјали понекогаш се нарекуваат „Специјален Матеј“ или М и „Специјален Лука“ или Л (M и L на латиница).

Двајцата имаат карактеристичен почеток во раскажувањето на Рождеството и заклучоци за времето по распнувањето (Лука ја продолжува приказната во неговата втора книга, „Дела на светите апостоли“). Во меѓувремените настани, Специјален Матеј опфаќа претежно параболи, а Специјален Лука опфаќа и параболи и исцелувања.

Специјален Лука е значаен по тоа што има поголема концентрација на семитизми отколку било кој друг евангелски материјал.

Лука дава некои показатели за тоа како го сочинил неговото евангелие во неговиот предговор:

Бидејќи мнозина се обидоа да го запишат кажувањето за настаните што се случија меѓу нас, како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и слу­жители на Словото, намислив и јас, откако испитав сѐ од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле, за да ја познаеш веродостојноста на учењето, во кое си поучуван.Лука 1,1-4

Синоптички проблем

Текстовите на трите синоптички евангелија често имаат мошне блиски совпаѓања во зборовите и редоследот, како во цитатите, така и во раскажувањето. Највеќето стручњаци велат дека ова наведува на документарна зависност: дека тоа се должи на позајмување на материјал од едно евангелие во друго, или од некој пишан извор од кој црпело и друго евангелие. Во поново време се смета дека поврзаноста на евангелијата се должи на тогашните начини на сочинување на раскажувањата и со споредба со други историски биографи од стариот век, наспроти традиционалниот нагласок на теолошки умисли.

Спороности Синоптичкиот проблем почива на неколку меѓусебно повезани спорни прашања: Првенство: Кое евангелие е напишано прво? (Ако еден текст црпи од друг, изворот мора да е напишан прв.) Последователна зависност: Дали секој од синоптичките евангелија црпи од неговите претходници? (Ако не, честите совпаѓања помеѓу двете независни евангелија наспроти третото мора потекнуваат од некаде.) Изгубени пишани извори: Дали било кое евангелие црпело од некој постар документ кој не е зачуван (на пр. хипотетичкиот извор Q, или од претходни изданија на евангелијата)? Усни извори: Во која мера секој од евангелистите или книжевен соработникСпоредете: црпел од лични сознанија, очевидци, литургија и други усни преданија? Превод: Исус и другите цитирани во евангелијата говореле претежно на арамејски, но самите евангелија се напишани на коински грчки. Кој ги вршел преводите, и кога? Редакција: На кој начин и кога оние што ги изготвиле евангелијата во нивниот конечен облик ги прошириле, скратиле, измениле или прераспоредиле нивните извори?

Некои теории се обидуваат да дадат образложение за поврзаноста на синоптичките евангелија со Јовановото; со неканонските евангелија како Томиното, Петровото и Егертонското; со Дидахи; и со изгубени документи како Јудеохристијанските евангелија и Евангелието според Маркион.

Историја

мини|Страница од Synopsis Evangeliorum на Грисбах, каде текстовите на синоптичките евангелија се дадени во столбови.

Сите старохристијански извори им ги припушуваат синоптичките евангелија на апостолите Матеј, Марко и Лука по кои се наречени. Меѓутоа, тие автори не се сложуваат во врска со редоследот на пишување на евангелијата. На пример, Климент Александриски смета дека Матеј бил прв, Лука втор, а Марко трет;Евсевиј, Црковна историја, Книга 6, глава 14, пасуси 6–10 Ориген, од друга страна, вели дека Матеј бил прв, Марко втор, а Лука трет;Евсевиј, Црковна историја, Книга 6, глава 25, пасуси 3–6 Тертулијан смета дека прво се објавени Јован и Матеј, а Марко и Лука подоцна;Тертулијан, Против Маркион, Книга 4, глава 5 Иринеј, кој им претходи на сите нив, го дава редоследот Јован, Лука, Матеј и Марко.Irenaeus, Against Heresies, Book 3, Chapter 11, Paragraph 8

Августин на почетокот на V век ги претставува евангелијата како напишани по нивниот канонски редослед (Матеј, Марко, Лука, Јован), каде секој евангелист се надополнува врз неговите претходници — таканаречената Августинова хипотеза (Матеј–Марко).

Ова гледиште (без оглед на редоследот на зависност) не се доведувал во прашање сè до крајот на XVIII век, кога германскиот теолог Јохан Јакоб Грисбах во 1776 г. објавил преглед на синоптичките евангелија. Наместо да ги хармонизира, тој ги прикажал текстовите еден до друг, со што ги сопоставил сличностите и разликите. Грисбах го забележал посебното место на Марко во прегледот, па затоа се залагал за Маркова подоцнежност и ја изложил (како и Хенри Овен неколку години пред тоа) двоевангелската хипотеза (Матеј–Лука).