Рудозем — град во јужна Бугарија, административен центар на истоименета општина во Смољанската Област. Има население од околу 3.398 жители (2024).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.03.2024 г.
Географија Рудозем се наоѓа во Горноардинскиот регион, во крајните југоисточни делови на Западните Родопи. Градот е сместен во живописна долина, позната како „Среднорека“, бидејќи во неа се влеваат реките Елховска и Чепинска во реката Арда. По должината на реката Арда низ градот се протега уреден крајречен булевар. Градот е составен од неколку населби и маала: Долен Рудозем, Падала, Оскрушево, Мејково, Геоложка и Којнарци. Рудозем е оддалечен 26 км од Смољан, 14 км од Мадан, 40 км од Златоград, 120 км од Пловдив и 260 км од Софија.
Историја лево|мини|282x282пкс|Градската џамија. Според археолошки истражувања, Рудозем било населено од раното железно време. За време на Антиката, денешниот Рудозем бил населен со Којлалети, тракиско племе. По освојувањето на регионот од Македонците, започнала експлоатацијата на богатите наоѓалишта на олово, бакар, цинк и сребро. За време на средниот век, во близина на градот била изградена тврдината „Козник“, позната тогаш како „Рим папа“ или „Кечи каја“ (од ). Во XIV век, Јован VI Кантакузин ја спомнал тврдината под името Косникос.Цончев, Димитър. Родопските средновековни крепости Κοσνικος и Μπεαδνος, в: Известия на Археологическия институт, Издателство на БАН, 1963, стр. 87 – 93.
За време на Отоманското владеење, градот го носело името Палас од 1676 година до 1934 година.Кратка българска енциклопедия, том 4, Издателство на БАН, София, 1967, стр. 418. Според Анастас Примовски, името потекнува од францускиот збор палаис што во превод значи „дворец“.Примовски, Анастас. Бит и култура на родопските българи. В: Сборник за народни умотворения и народопис, том 54, Издателство на БАН, София, 1973, стр. 198. Во текот на XVII век, градот бил исламизиран.Кираджиев, Светлин. Енциклопедичен географски речник на България. София, Издателска къща „Петър Берон“, 1999, с. 343. ISBN 954-402-041-1. Според отомански пописен регистар од 1841 година, имало Голем Палас (Бјујук Палас) и Мал Палас (Кјучук Палас). За време на Руско-турската војна, кавкаската бригада под комадна на Пјотр Черевин влегла во градот и околиските села. После Берлинскиот конгрес, градот останал под склоп на Источна Румелија сѐ до нејзиното обединување со Кнежевството Бугарија во 1908 година.
Во 1903 година, Палас имало 213 куќи. Меѓу 1912-1913 година, бројот на Помаци биле: 240 жители во Голем Палас и 130 во Мал Палас. За време на Првата балканска војна, Царството Бугарија го освоиле градот на 22 октомври 1912 година. После Букурешкиот договор, градот останал во рамките на Бугарија. Во текот на Балканските војни, Бугарската православна црква почнала масовно уништување и покрстување на муслимани и Помаци во градот. Околу 350 куќи биле уништени.Bulgarian Helsinki Committee. „The Human Rights of Muslims in Bulgaria in Law and Politics since 1878“, Sofia, November 2003, p. 25.
После Втората светска војна, градот се развил како центар на обоена металургија и рударската индустрија во НР Бугарија. Различни совиетски претпријатија биле основани за оловно-цинкови руди. Во 1960 година населбата била прогласена за град. Во 1971 година, селата Којнаре, Мејково и Оскрушево биле припоени кон градот.Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878 – 1987“, София, 1989. Во 1980-тите, најголемиот рудник „Голем Палас“ бил исцрпен. Поради тоа растот на градот прекинал. Денес е поврзан со Скеча преку Беломорскиот премин и граничниот премин Скеча-Рудозем.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на општина Рудозем
Категорија:Населени места во областа Смољан Категорија:Градови во Бугарија