Неделино () — град во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Неделино во Смољанската Област. Има население од околу 3.864 жители (2024).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.03.2024 г.

Географија Неделино се наоѓа во Родопите. Градот е сместен на бреговите на Неделинска Река, на 15 км од Златоград, на 30 км од Ардино и на 60 км од регионалните центри Смољан и Крџали.

Во близина се наоѓаат врвовите „Свети Илија“ и „Света Недела“ (865 м), а највисоката точка во регионот е врвот „Шедица“ (1241 м).

Клима Климата во градот е преодно-континентална, со нагласено беломорско влијание, а во повисоките делови – планинска. Зимата е блага и снежна, без нагли и долготрајни заладувања, благодарение на околните сртови од запад и север. Просечната јануарска температура е 1,6 °C. Летото е прохладно и влажно со просечна јулска температура од 19,4 °C, а есента е долготрајна и топла.

Историја Неделино има древна историја, поврзана со развојот на Родопскиот регион. Археолошките наоди покажуваат дека областа била населена уште од тракиско време. Остатоците од древни населби, тврдини и светилишта сведочат за активен живот во текот на бронзеното и железото време.

Во текот на римскиот период, територијата на денешно Неделино била дел од провинцијата Тракија, преку која минувале важни патишта што ја поврзувале внатрешноста на Балканскиот Полуостров со Егејското Море.

Во текот на средниот век, регионот влегол во рамките на Првото и Второто бугарско царство. Во овој период тука се развивале земјоделството, сточарството и занаетчиството. Во 14 век регионот на Неделино бил освоен од Османлиите.

Според историските податоци, населбата била формирана во почетокот на 17 век од номадски групи познати како „мечкари“, кои ја населувале областа во Јужна Бугарија, занимавајќи се со разни занаети, како што се калаисување, изработка на дрвени алатки и покуќнина. По обидот за трајно населување во селото Старцево, ова население се преселило 4 километри северно, долж долината на Неделинска Река, каде што се населило трајно. Новата населба била нарекувана Узун дере, што на турски јазик значи „долга долина“, и подоцна прераснала во по-големо средиште.

По Ослободувањето на Бугарија во 1878 година, населбата останала надвор од границите на Кнежевството, во составот на Османлиското Царство, сè до Првата балканска војна. Во 1912 година, Узун дере било конечно припоено кон бугарската држава. Во годините што следеле, населбата постепено се развивала економски и културно, претворајќи се во жив центар на Јужните Родопи. Од 1934 година била преименувана во Неделино. Името потекнува од врвот „Света Недела“, во чие подножје е сместен градот. Местото добило статус на град на 3 септември 1974 година.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на општина Неделино

Категорија:Населени места во областа Смољан