Клое Ким (родена на 23 април 2000 година) — американска професионална скијачка на даска и двократна освојувачка на златен олимписки медал. На Зимските олимписки игри 2018 година, таа станала најмладата жена што освоила златен олимписки медал во скијање на даска кога имала 17 години.
На Зимските Олимписки Игри во Пекинг во 2022 година, Ким станала првата жена што освоила два златни медали во дисциплината полуцевка. Таа е осумкратна освојувачка на златен медал на Екс Гејмс и првата жена што освоила два златни медали во скијање на даска на Зимските младински олимписки игри. Таа е светска, олимписка, младинска олимписка и Екс Гејмс шампион во дисциплината полуцевка и првата скијачка на даска што ја освоила титулата на сите четири големи настани.
Ким има освоено пет награди ESPY, вклучувајќи ја три години по ред и наградата за најдобра женска спортистка во акциони спортовови.
Ран живот Ким е родена на 23 април 2000 година, во Торенс, Калифорнија. Таа има две постари сестри ,Ерика и Трејси. Нејзините родители се од Јужна Кореја. Ким почнала да се занимава со скијање на даска на четиригодишна возраст во одморалиштето Маунтин Хај во Јужна Калифорнија. Почнала да се натпреварува на шестгодишна возраст како членка на тимот Маунтин Хај. Годините од трето и четврто одделение ги поминала учејќи и тренирајќи во Женева, Швајцарија, каде што живеела нејзината тетка, пред да се врати во Калифорнија и да тренира во Мамут Маунтин. Течно зборувала француски, англиски и корејски. Таткото на Ким дал отказ од работа за да ја вози до планините, а исто така и за да може да патува со неа кога се натпреварува. Клое Ким одела во средното училиште Дана. Ким се приклучила на американската репрезентација во скијање на даска во 2013 година.
Кариера На Гран-прито на САД за скијање на даска во 2016 година, Ким станала првата жена што успеала да направи две 1080 вртења на натпревар во скијање на даска. Таа освоила совршени 100 поени и е втората натпреварувачка што некогаш го сторила тоа, по Шон Вајт. Во 2024 година, Ким станала првата жена што го направила трикот 1260 во историјата на натпреварувањето.
Икс Гејмс Иако била премногу млада за да се натпреварува на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, Ким освоила сребрен медал во суперцевка на Зимските Икс Гејмс во 2014 година, веднаш зад Кели Кларк. Во 2015 година, Клое го освоила златото во дисциплината суперцевка на Зимските Икс Гејмс, победувајќи ја Кларк. Со оваа победа, на 14-годишна возраст, Ким станала најмладата освојувачка на златен медал сè додека не го загубила рекордот од Кели Силдару, која освоила злато во 2016 година на 13-годишна возраст. На Икс Гејмс во 2016 година, таа станала првата личност под 16 години што освоила два златни медали (и исто така првата личност што освои два златни медали по ред) на натпреварувањето.
Во 2025 година на Икс Гејмс, Ким го освоила својот осми златен медал во суперцевка, што ѝ донело најмногу победи од која било друга жена во дисциплината суперцевка на Икс Гејмс, и се изедначила со Шон Вајт за најмногу победи од која било друга личност во суперцевка на Икс Гејмс.
Зимски младински олимписки игри 2016 Во 2016 година, Ким станала првата Американка што освоила златен медал во скијање на даска на Зимските младински олимписки игри и го освоила највисокиот резултат во скијање на даска во историјата на Младинските олимписки игри. Таа била избрана за знаменосец на тимот на САД за отварачката церемонија на Зимските младински олимписки игри 2016 година, станувајќи првата скијачка на даска што била избрана да служи како знаменосец на тимот на САД на Зимските олимписки игри или на Младинските олимписки игри. Ким била номинирана за наградата ESPYS за 2016 година за најдобар пробивачки спортист на годината.
Зимски олимписки игри 2018 На нејзините први Зимски олимписки игри на Ким во Пјонгчанг, Јужна Кореја, таа го освоила златниот медал во финалето на женското натпреварување во полуцевка со Рики Бауер како нејзин тренер. Нејзиниот прв резултат бил 93,75 поени, што било 8,5 поени пред второто место. Нејзиниот последен резултат во полуцевка бил блиску до совршен резултат од 98,25 поени. Таа била речиси 10 поени пред Лиу Џијају, која се пласирала на второто место. Ким станала најмладата жена што некогаш извела две вртења од 1080 степени по ред на Олимписките игри. На 17-годишна возраст, таа станала најмладата жена што некогаш освоила злато на Олимписките игри во полуцевка, надминувајќи ја претходната рекордерка, Кели Кларк, која го првпат го освоила златото кога имала 19 години. Овој рекорд ѝ обезбедил на Ким позиција на годишната листа „Тајм 100“ на списанието „Тајм“.
Зимски олимписки игри 2022 Ким станала двократен олимписки шампион кога се натпреварувала на вторите Зимски олимписки игри по ред во Пекинг ,Кина. Ким учествувала во дисциплината полуцефка за жени. Таа успешно ја одбранила својата олимписка титула, со што станала првата жена скијачка на мраз која освоила два златни медали по ред во дисциплината полуцевка за скијадње на даска. ; NBC News (New York), February 9, 2022 ; People Magazine (New York), February 9, 2022
Откако се квалификувала за финалето, поради првото место со го освоила со резултат од 87,75, постигнат после нејзината прва извеба, Ким го освоила настанот со резултат од 94,00, исто така постигнат во нејзината прва изведба. Таа ги искористила своите дополнителни две извеби во финалето за да се обиде со нов трик, но во двата обиди не можела да го изведе. Како резултат на тоа, нејзините резултати за второто и третото трчање биле ниски (27,00 и 26,25) и затоа биле отфрлени, при што резултатот од нејзиното прво трчање се броел, со што ја обезбедила олимписката титула.
Зимски олимписки игри 2026 Еден месец пред Зимските олимписки игри во 2026 година, Ким го изместила рамото додека тренирала во Швајцарија, што предизвикало сомнеж дали ќе може да се натпреварува. Подоцна таа потврдила дека сè уште ќе може да се натпреварува и дека повредата не била толку лоша како што првично се стравувало. Ким го освоила сребрениот медал во дисциплината полуцевка за жени.
Личен живот Ким ја примиле на Универзитетот Принстон во 2018 година, но ја одложила понудата за прием до 2019 година. Таа се борела со својата слава на Принстон некое време и одлучила да се врати на натпреварувачкиот скијање на даска пред Олимписките Игри во 2022 година.
Ким е втора генерација корејско-американка; нејзините родители, Боран Јун Ким и Џонг Џин Ким, емигрирале од Јужна Кореја за време на авторитарната ера на земјата. Нејзиниот татко првпат пристигнал со само 800 долари и работел на минимална плата, на крајот стекнувајќи диплома на колеџот Ел Камино, по технолошко производство. На крајот тој дал отказ од работата за да ѝ помогне на ќерка си да ја продолжи кариерата во скијање на даска.
Ким има пошироко семејство кое живее во Јужна Кореја, каде што се натпреварувала на Зимските олимписки игри во 2018 година. Нејзините роднини вклучувајќи ја и нејзината баба, ја гледале како се натпреварува за прв пат на Олимписките игри. Ким изјавила: „Ја имам оваа поинаква можност бидејќи сум корејска-американка, но се натпреварувам за САД... Почнувам да разбирам дека можам да ги претставувам обете земји.“
Ким изјавила дека и покрај тоа што е родена во Соединетите Американски Држави и отсекогаш професионално ја претставувала земјата на меѓународни настани, таа редовно добива расистички и омразни пораки, до 30 на ден, уште од 13- годишна возраст. Таа изјавила дека бидејќи е Азијка, луѓето честопати ги омаловажувале нејзините достигнувања, велејќи ѝ да „престане да им ги одзема медали на белите американски девојки во тимот“, како и да „се врати во Кина“.
Наводи
Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2026 Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2022 Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Американци со корејско потекло Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Натпреварувачи на Зимските олимписки игри 2022 Категорија:Натпреварувачи на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Натпреварувачи на Зимските олимписки игри 2026