Чои Га-он (родена 3 ноември 2008) — јужнокорејска скијачка на даска.

Кариера Чои се натпреварувала на МСФ Светското јуниорско првенство во скијање на даска во 2022 година, каде што освоила златен медал во дисциплината полуцефка. Во јануари 2023 година ,таа се натпреварувала на 27-мото издание од Икс Гејмс и освоила златен медал. На 14 години и два месеци, таа го срушила рекордот на Клое Ким како најмлада освојувачка на златен медал во скијање на даска во дисциплината полуцевка на Икс Гејмс.

За време на МСФ Светското првенство во скијање на даска за сезоната 2023–24, Чои дебитирала на Светското првенство на 16 декември 2023 година и го освоила натпреварот во дисциплината полуцевка со резултат од 92,75, победувајќи ја победничката на кристалниот глобус на МСФ Светското првенство во скијање на даска 2022–23, Мицуки Оно.

За време на отворањето на сезоната на МСФ Светското првенство во скијање на даска за сезоната 2025–26, на 11 декември 2025 година, таа го освоила натпреварот во полуцевка со резултат од 92,75. Една недела подоцна, на 19 декември 2025 година, таа го освоила дисциплината полуцевка втора недела по ред со резултат од 94,50. Таа била единствената скијачка во финалето што освоила над 90 поени. На 17 јануари 2026 година, таа го освоича својот трет последователен натпревар во полуцевка на Светското првенство.

Во јануари 2026 година, Чои била избрана да ја претставува Јужна Кореја на Зимските олимписки игри 2026. Таа се натпреварувала во дисциплината полуцевка и освоила златен медал со резултат од 90,25. Таа надминала повреда на ногата за време на натпреварот и ја победила двократната олимписка златна медалистка Клое Ким, станувајќи првата јужнокорејска атлетичарка што освоила злато во скијање на даска на Зимските олимписки игри. На возраст од 17 години и 101 ден, таа станала најмладата олимписка златна медалистка во историјата на скијањето на даска, надминувајќи го претходниот рекорд поставен од Ред Џерард на Зимските олимписки игри 2018.

Наводи

Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2026 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2008 година Категорија:Статии со текст на корејски

Категорија:Натпреварувачи на Зимските олимписки игри 2026