мини|Хванг Де Хон Хванг Де Хон (роден на 5 јули 1999 година) — јужнокорејски спортист во дисциплината брзо лизгање на кратки патеки. Тој моментално го држи и светскиот рекорд во брзо лизгање на кратки патеки на 1000 метри за мажи.

Тој бил претставник на Јужна Кореја на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година и го освоил сребрениот медал за брзо лизгање на кратки патеки на 500 метри за мажи.

Додека бил дел од јужнокорејскиот тим, на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, тој го освоил златниот медал во трката на 1500 метри, и сребрениот медал во штафетата на 5000 метри во брзо лизгање за мажи. За време на игрите, тој го поставил и олимпискиот рекорд во трката на 1000 метри за мажи.

Хванг се повлекол од Светското првенство во сезоната 2021–2022 откако се заразил со КОВИД-19 во март. Исто така тој не успеал да победи на ниту еден од квалификациските натпревари за националниот тим во сезоната 2022–2023 поради долготрајни последици од ковидот.

На Зимските олимписки игри во 2026 година освоил медал.

Наводи

Надворешни врски на Оlympedia Hwang Daeheon at ShortTrackOnLine.info Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2026 Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2022 Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1999 година Категорија:Натпреварувачи на Зимските олимписки игри 2026 Категорија:Натпреварувачи на Зимските олимписки игри 2022 Категорија:Натпреварувачи на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Корејски спортисти