мини Корнат — остров во хрватскиот дел од Јадранското Море, во централна Далмација. Со површина од 32,44 км2 , тој е 16. најголем остров во Хрватска, и најголемиот остров во истоимениот архипелаг Корнати. Тој е дел од Националниот парк Корнати, кој е составен од вкупно 89 острови, островчиња и карпи.

Во 19 век, островот бил алтернативно познат како Инсел Инкороната (на германски) и Крунарски Оток (на хрватски).

Според пописот од 2001 година, островот имал вкупно 7 жители, иако на островот нема постојани населби. Крајбрежјето на Корнати е долго 68,79 километри.

Во поновата историја, островот станал озлогласен како место на она што станало познато како „Корнатската трагедија“, кога загинале група пожарникари кои долетале како дел од напорите за гаснење на крајбрежните пожари во 2007 година. Дванаесет од тринаесет мажи кои се нашле опкружени од пожарот, биле убиени во настанот, а тоа била најголемата загуба на животи во историјата на хрватското противпожарство.

Наводи

Литература

Категорија:Острови во Јадранското Море Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Острови во Хрватска