десно|мини|250x250пкс|Стамбедар (лево), Добри Оток (зад) и Свети Клемент (десно) Свети Климент е остров во хрватскиот дел од Јадранското Море. Се наоѓа во групата Паклени острови во средна Далмација, југозападно од островот Хвар. Неговата површина е 5,27 км², додека должината на крајбрежната линија е 29,891 км и е најголемиот остров на архипелагот. Највисокиот врв Вела глава е висок 94 м. Помал дел од островот е обраснат со макија и ниска борова шума. На островот се наоѓаат три повремено населени населби: Палмижана, Момича Поље и Влака. Во Палмижана во летните месеци, отворена е марината АЦИ Палмижана додека во заливот Солине се наоѓа сидриште за едрилици и помали чамци. Административно, припаѓа на градот Хвар во Сплитско-далматинската жупанија.
Поврзано
Список на острови во Хрватска
Категорија:Острови во Хрватска