Жут — ненаселен остров во хрватскиот дел од Јадранското Море, во централна Далмација. Со површина од 14,83 км² тоа е 28. најголем остров во Хрватска и втор најголем остров во архипелагот Корнати, по Корнат. Иако поголемиот дел од архипелагот, составен од 89 острови, островчиња и карпи, е вклучен во Националниот парк Корнати, островот Жут не е.

Жут се наоѓа помеѓу островите Пашман и Корнат, а неговата крајбрежна линија е невообичаено долга, 45,9 км, благодарение на големиот број заливи. Највисоката точка на островот е врвот Губавац на 174 метри надморска височина.

Поради вековни практики на сечење и палење, Жут е речиси неплоден. На островот нема обработливо земјиште и никогаш немало постојани населби. Денес, на островот има марина со 135 места за застанување, со ресторан и продавница за храна, управувана од меѓународниот клуб „Адриатик Кроација“, и отворена од април до октомври.

Иако името на островот може да сугерира на „жолт“ (Žut е „жолт“ на хрватски), сепак името нема словенско потекло, туку е изведено од латинскиот junctus („соседен“, „близок“), што се однесува или на близината на островот до Корнат, или на неговиот поранешен статус како дел од приватен имот на Корнат.

Според мерењата направени во раните 2000-ти години, Жут е исто така најголемиот ненаселен остров во Хрватска, со површина од речиси 2км², поголем од Првиќ во близина на Крк, за кој претходно се сметало дека ја носи оваа одлика.

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Острови во Јадранското Море Категорија:Ненаселени острови во Хрватска