Rochelia disperma — вид широколисно растение првпат опишано од Карл Лине Помладиот, а сегашното име му го дал К. Кох. Rochelia disperma е дел од родот Rochelia и семејството широколисни растенија.

Опис Rochelia disperma е едногодишно растение, високо од 5 до 15 см. Стебленцето му е вертикално, разгрането од основата или во горниот дел, со прилегнати сини влакна. Листовите се долги 10 до 20 мм, широки 2–3 мм широки, од двете страни со прилегнати четинести влакна поставени на брадавичести израстоци. Базалните листови се издолжено-лопатовидни постепено стеснети во дршка. Стеблените листови се линејни или тесно копјести, приседнати. Прицветните листови слични со стеблените листови, но со нешто помали димензии. Цветовите собрани во прости срповидни соцветија кои често се групираат во метличести соцветија. Цветните др{ки куси (околу 1 мм) по прецветуваwето се свиткуваат наназад. Чашката е мала (2–3 мм), за време на образувањето на плодот разраснува, со 5 срповидно свиткани линејни чашкини сегменти, густо препокриени со густи четинести влакна кои на врвот се кукесто свиткани. Венчето е долго 2 до 4 мм, сино, со или без задебелувања во отворот на венечната трубичка. Оревчињата се долги околу 3 мм, со брадавичести израстоци на кои се присутни ѕвездести влакна со кукесто свиткани краци.

Живеалиште Живеалишта на Rochelia disperma се брдските пасишта, на припекливи места, на силикатна и варовничка подлога.

Распространетост Распространето е во Северозападна Африка, Југоисточна Европа, Западна, Југозападна и Средна Азија.

Во Македонија Велес – с. Раштани, „Гроот“, Отовица; Куманово – с. Пчиња; Овче Поле – Богословец; Кратовско

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1849 година