мини|Игор Маројевиќ Игор Маројевиќ (српски: Игор Маројевић; Врбас, 1968) — српски писател, драматург, есеист и преведувач.

Животопис Маројевиќ е роден во Врбас, во 1968 година. Дипломирал српски јазик и книжевност на Филилошкиот факултет при Белградскиот универзитет, а студирал на постдипломските студии по светска книжевност на Универзитетот Аутонома во Барселона.Igor Marojević, Sve za lepotu. Dereta, Beograd, 2021, стр. 323. Тој е член на Српскиот и на Каталонскиот ПЕН и еден од основачите на Српското книжевно друштво. Од 2002 година, работи како самостоен уметник, а живее во Земун.Igor Marojević, Sve za lepotu. Dereta, Beograd, 2021, стр. 324.

Творештво Творештвото на Маројевиќ опфаќа романи, раскази и драми. Тој е автор на „Белградското петокнижие“ кое го сочинуваат романите „Дваесет и четири ѕидови“ (1998, 2010), „Партер“ (2009), „Вистински белграѓанки“ (2017) и „Туѓини“ (2018), како и збирката раскази „Белграѓански“ (2014) која доживеала шест изданија. Исто така, тој е автор и на пебталогијата „Етнофикции“ од која завршил четири романи: „Жега“ (2004, 2008), „Шнит“ (2007, 2008, 2014), „Мајчината рака“ (2011) и „Остатоците на светот“ (2020). Покрај нив, ги објавил и следниве дела: новелата „Измамата на бога“ (1997), збирките раскази „Трагачи“ (2001) и „Медитерани“ (2006, 2008), книгите со есеи „Низ главата“ (2012) и „Крвта е вода“ (2018) и романот „Роман за пијанствата“ (2019). Збирката „Сè за убавината“, пак, содржи раскази од неколку негови збирки. Неговата драма „Номади“ била премиерно изведена во Барселона, на каталонски и на шпански јазик (на којшто е напишана), во продукција на Институтот за театар; драмата „Тврдината Европа“ била поставена на БЕЛЕФ (2008), врз основа на преводот од шпански јазик (на којшто биле напишана); драмата „Барем сум свој човек“ била прикажувана на Белградскиот драмски театар (2009-2011); врз основа на неговиот роман „Дваесет и четири ѕидови“ била направена истоимената драмска адаптација, која се прикажувала на Белградскиот драмски театар (2003-2004). Неговите дела се преведени на 16 јазици, а неговите раскази се застапени во неколку антологии, како: „Casablanca serba“ (антологија на српскиот расказ, објавена на италијански јазик), „Der Engel und der rote Hund“ (антологија на српскиот расказ, објавена на германски јазик), „Бизарни раскази“ (антологија на српскиот расказ, објавена на македонски јазик), антологијата на југословенскиот расказ „Генерација 23“, антологијата на источноевропскиот расказ „Odkud vítr vane“ (на чешки јазик) и антологијата на европската кратка проза и есеистика „Hotel Europa“ (на германски јазик). Исто така, тој се бави со превод од шпански и од каталонски јазик.Igor Marojević, Sve za lepotu. Dereta, Beograd, 2021, стр. 323-324. Igor Marojević, Sve za lepotu. Dereta, Beograd, 2021.

За своите дела, Маројевиќ е добитник на неколку награди и признанија:Igor Marojević, Sve za lepotu. Dereta, Beograd, 2021, стр. 324. наградата „Меша Селимовиќ“ наградата на Градот Белград, „Деспот Стефан Лазаревиќ“ наградата „Залтна алка“ за траен придонес кон културата на Белград наградата „Karoly Szirmai“ наградата од фондот „Борислав Пекиќ“ наградата „Троношки родослов“ наградата „Стеван Пешиќ“ наградата „Водич за животот“ Соларисовата награда на читателите за роман на годината наградата „Десимир Тошиќ“

Наводи

Категорија:Српски писатели Категорија:Српски драматурзи Категорија:Српски есеисти Категорија:Српски преведувачи Категорија:Родени во 1968 година Категорија:Луѓе од Врбас