Недермур Парк — фудбалски стадион во Гизли, Западен Јоркшир и домашен терен на фудбалскиот клуб Гизли. Отворен во 1909 година, стадионот има капацитет од 4.000 поситители. По промоцијата на клубот во Националната дивизија на Националната лига во 2015 година, биле поднесени планови за да се обезбеди дека теренот ги исполнува барањата за проширување на капацитетниот простор за 4.000 поситители со 500 седишта; проширувањето вклучувало создавање нови тераси на трите страни од теренот и покривање на сите четири страни. Проширувањето било завршено пред крајниот рок на 30 март 2016 година.
Рекордната посетеност на стадионот била 3.366 поситители за пријателскиот натпревар против Лидс Јунајтед на 26 јули 2018 година.
Наводи
Категорија:Фудбалски стадиони во Англија Категорија:ФК Гизли