Корејска одисеја () — јужнокорејска телевизиска серија од 2017 г. Во главните улоги се појавуваат Ли Сунг Ги, Ча Сунг Вон, О Јон Со, Ли Хон Ги и Џанг Гванг. Серијата се прикажувала на каналот tvN од 23 декември 2017 до 4 март 2018 г., во терминот сабота и недела во 21:00 часот (UTC+9). Телевизиската серија се состои од вкупно 20 епизоди.
Содржина Малата Џин Сон Ми уште од детството има способност да ги гледа духовите и да разговара со нив. Поради тоа, нејзиното поведение им изгледало чудно на луѓето околу неа, па тие ја исмевале, додека духовите постојано ја напаѓале.
Еден ден, таа го среќава загадочниот „волшебник“ Ма Ванг, кој склучува договор со неа: таа треба да му донесе лепеза од една тајна куќа во шумата (со која може да се изгасне огромен пожар што беснее на планината), а тој за возврат ќе ѝ го даде својот чадор што ги брка духовите. Меѓутоа, тој ја предупредува — што и да види или чуе во таа куќа, во никој случај не смее да обрнува внимание. Девојчето се согласува.
Но во куќата таа го среќава богот по име Сон О Гон, кој е затворен таму поради своите гревови. О Гон ја моли да го ослободи, а за возврат ветува дека ќе биде нејзин заштитник од демоните секогаш кога таа ќе го повика по име. Меѓутоа, штом се наоѓа на слобода, лукавиот бог го прекршува договорот, ги брише спомените за неговото име од спомените на Сон Ми и исчезнува, оставајќи ја девојката сама. Исто така, ја предупредува дека Небесата ќе ја казни поради неговото ослободување.
Поминуваат години, Сон Ми пораснува и станува успешна деловна жена, директорка на компанија за недвижности. Таа со успех склучува големи договори, особено за згради што се опседнати од духови и тешко се продаваат. Паметејќи го предавството од детството, научила сама да се справува со сите тешкотии, а како заштита од демоните го користи својот жолт чадор што ѝ останал уште од малa. Еден ден, во нејзиниот живот повторно се појавува Сон О Гон, а потоа и Ма Ванг.
Улоги
| Ли Сунг Ги | Сон О Гон |- | Ча Сунг Вон | Ву Хви / Ву Ма Ванг |- | О Јон Со | Џин Сон Ми / Сам Џанг |- | Ли Хон Ги | P.K / Џо Пал Гје |- | Џанг Гванг | Јун Де Сик / Са О Џонг
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
Категорија:Јужнокорејски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на корејски јазик __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__