Роџерс Мато (роден на 10 октомври 2003 година, во Аруа) — угандски фудбалер, или на и на угандската репрезентација.
Клупска кариера Мато ја започнал својата кариера во родната Уганда, каде како млад играл за екипите на Лвеза и Марунс во јуниорската лига. Во 2018 година, тој се приклучил на младинскиот состав на екипата на Пролајн во втората лига на Уганда. Во сезоната 2019–2020, тој бил промовиран во сениорскиот состав, но претрпел испаѓање со тимот во текот на сезоната која што била прекината поради пандемијата на КОВИД-19. Тој станал важен играч за клубот следната сезона, водејќи ги до плејофот за промоција, каде загубиле од ФК Гадафи. Во септември 2021 година, Мато потпишал четиригодишен договор со 13-кратниот шампион на Премиер лигата на Уганда, КЦЦА, каде поминал две сезони.
Во 2023 година, Мато се преселил во Европа, каде потпишал за турскиот второлигаш Шанлиурфаспор. По само една полусезона во Турција, тој го напуштил клубот и се преселил во Македонија, каде потпишал за екипата на Брера Струмица во февруари 2024. Своето деби за клубот го имал на 18 февруари во натпреварот од првенството против Силекс. Својте при голови (два) во дресот на струмичката екипа ги постигнал на 18 мај 2024, во победата со 5-3 над Македонија Ѓорче Петров.
На 28 јануари 2025 година, Мато потпишал за Вардар. За „црвено-црните“ дебитирал на 16 февраури 2025, играјќи како стартер во поразот со 1-2 на домашен терен од Шкендија.
Репрезентативна кариера Своето деби за репрезентацијата на Кенија го направил на 12 јануари 2022 година, во пријателски натпревар против (1-1) одигран во Анталија, во кој одиграл 80 минути.
Во декември 2025, бил повикан да учествува на Африканскиот куп на нации 2025 во Мароко.
Титули Вардар Куп на Македонија : 1 2024-2025
Наводи
Надворешни врски
Роџерс Мато на transfermarkt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Угандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Родени во 2003 година