Ударна сила () — американски научнофантастичен акционен трилер од 2006 г. во режија на Мајкл Којш. Сценарист и продуцент на филмот е Стивен Сигал, кој воедно ја толкува и главната улога. Покрај него, во филмот настапуваат и Лиса Ловбранд и Дејвид Кенеди. Филмот бил објавен право на ДВД во Соединетите Американски Држави на 5 декември 2006 г.
Содржина Маршал Лосон (Стивен Сигал) е командант на елитна воена единица на САД. За време на задача во Париз, Лосон ги губи сите тројца свои луѓе во наизглед случаен напад во нивната хотелска соба. Тој одлучува самиот да го истражи нападот, со помош на својата девојка Тија (Лиса Ловбранд) и пријателот Двејн (Дејвид Кенеди).
Маршал ја открива CTX, тајна воена дрога што е толку доверлива што воено крило предводено од човек по име Вернер (Дени Веб) сака да го елиминира Лосон. Се дознава дека Тија е една од двајцата воени научници што ја создале CTX. Рејна (Евелин Армела О Бами), проститутката што ја убила екипата на Маршал, била под дејство на оваа дрога. Дрогата на корисниците им дава натчовечка сила и подвижност, но исто така неповратно ги поттикнува на насилство. Другиот соавтор на CTX е Арун (Адам Кросдел), кој сега е сопственик на ноќен клуб во Париз. Арун планира да ја пушти дрогата во водоводот на Париз, што би ги претворило жителите на градот во полудени убијци. Маршал, Тија и Двејн мора да ги сопрат Арун и Вернер пред тоа да се случи.
Улоги
|Стивен Сигал |командант Маршал Лосон |- |Лиса Ловбранд |Тија |- |Дејвид Кенеди |Двејн |- |Дени Веб |Вернер |- |Евелин Армела О Бами |Рејна |- |Илеана Лазариук |Квин |- |Габи Бурлаку |агент на Тија |- |Метју Чемберс |Сет |- |Влад Коада |агент на Тија бр. 3 |- |Адам Кросдел |Арун |- |Марк Дајмонд |Фил |- |Флоријан Гимпу |турист |- |Влад Јакоб |агент на Тија |- |Сајед Наџем |стражар / убиец |- |Даниел Писика |водач на екипата војници
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2006 година __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Американски научнофантастични филмови Категорија:Американски акциони филмови