Парламентарните избори 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија. Се одржаа истовремено со првите непосредни претседателски избори на 16 и 30 октомври 1994 година. Победа извојува коалицијата Сојуз за Македонија предводена од СДСМ. Опозицијата, ВМРО ДПМНЕ и Демократската партија го бојкотираа вториот круг на изборите и тврдеа дека имаше сериозни нарушувања во изборниот процес.
Исто како и на парламентарните избори во 1990 година мандатите се распределуваа според мнозинскиот изборен систем. Гласачкиот одзив при првиот круг беше 77,7%, а при вториот – 57,5%.Државна изборна комисија „Извештај за спроведените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија“, 1994, 5 и 9 стр. , Службен весник на РМ, бр. 60/1994, 3-13 стр. На изборите учествуваа 38 политички партии и 283 независни кандидати.
Според резултатите од првиот круг коалицијата Сојуз за Македонија во која учествуваа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Либералната партија и Социјалистичката партија на Македонија имаше значителна предност пред водечките опозициски партии ВМРО ДПМНЕ и Демократската партија. Сојузот за Македонија освои 32,6% од гласовите, ВМРО ДПМНЕ – 14,3%, а Демократската партија – 11,0%.
Опозициските партии веднаш изразија сомнение во регуларноста на првиот круг и решија да го бојкотираат вториот круг. Поради овој бојкот, кандидатите на Сојузот за Македонија во вториот круг успеаја во голем број да бидат избрани за пратеници.
Резултати
ПартијаПрв кругВтор кругБрој на мандати+/–Број на гласови%Број на гласови%Коалиција „Сојуз за Македонија“ предводена од СДСМ291,69529.5329,70053.587–ВМРО-ДПМНЕ141,49414.3––0–38Демократска партија108,87211.0––0новаПартија за демократски просперитет во Македонија87,1038.893,40715.210–7Народна демократска партија29,3613.025,0074.14+3Демократска партија на Македонија20,2432.13,9910,41новаЛиберална партија на Македонија15,0861.521,3623.55Работничка партија15,4161.6––0Демократска партија на Турците на Македонија14,4231.56,4340.70Социјалдемократска партија на Македонија12,0551.22,2540.41+1Движење за семакедонска акција (МААК)11,4791.22.0130,20ВМРО-Демократска партија9,7421.04580.00Сојуз на комунистите на Македонија7,6100.8––0ВМРО-Македонски национален демократски сојуз7,1670.71.1910.10Партија за демократска акција - Исламски пат6,9120.72.1550.20Социјалистичка партија на Македонија6,6120.75,6320.91Партија за целосна еманципација на Ромите6,5300.74,4470.710Работничка партија на Македонија5,4350.6––0Демократска партија на Србите во Македонија5,2900,54,0030.40Комунистичка партија на Македонија5,1610.5––0ВМРО-Татковинска партија5,1330.5––0Демократски сојуз - Партија на земјоделците на Македонија5,0890.56810.10Социјалдемократски сојуз на Македонија4,1820.44,6350.81Демохристијанска партија4,0190.4––0Социјалдемократски сојуз на МакедонијаЛиберална партија на Македонија3,9450.45,6740.91Демократска партија на Турците на МакедонијаПартија за демократска акција - Исламски пат3,4670.44,6810.81новаДруги партии19,1091.967,4871.00–Независни кандидати136,51113.895,41815.57+4Неважечки ливчиња54,330–26,5803.8––Вкупно1,043,453100707,2101001200Број на гласачи запишани на избирачи списокДодатни 126.638 гласачи од првиот круг и 70.431 од вториот круг, кои не биле регистрирани, но гласале со лична карта1,487,36770.21,293,33054.7––Извор: Nohlen & Stöver; Blagoja Nineski (2001) "Izborite, mediumite i partiite vo Makedonija 1990-2000", p. 190-191
Наводи
Надворешни врски Државна изборна комисија: Парламентарни избори 1994 година Пратенички состав 1994 - 1998 година IRI Election Observation Mission Macedonia, October 30, 1994
1994 Категорија:Македонија во 1994 година