Доксат ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Δοξάτο — село во Општина Доксат во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 10 километри југоисточно од градот Драма на надморска височина од 66 метри.

Историја Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 2190 жители од кои 120 Македонци, 850 Турци, 900 Грци, 120 Власи и 200 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 48 македонски гркомани и 1100 ГрциBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 204-205..

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1117 жители

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Доксато.

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 258 грчки семејства со 1099 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 4295 лица, додека во 1940 година селото броело 4760 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 4409 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 4402 жители, во 1971 година имало 3440 жители, во 1981 година имало 3389 жители, додека во 1991 година имало 3594 жители. Денеска, населението на селото е 2884 жители според пописот од 2011 година.

Знаменитости Црква „Св. Атанасиј“ од 1867 г.

Наводи

Категорија:Доксат