мини|Селска жена во сарафан (1909), Сергеј Прокудин-Горски Сарафан (руски сарафан од перс. сарапа, буквално „[од] глава до пети“) ― долга, трапезоидна руска облека која ја носат девојки и жени. Таа е дел од руската традиционална народна носија.

Традиционалната руска носија се состои од рамни, течни линии. На почетокот на 18 век, сарафанот станал најпопуларен предмет од облека за селските жени во северните и централните региони на Русија. Сарафаните редовно се носеле се до длабоко во 20 век, а за прв пат се споменуваат во хрониките кои датираат од 1376 година. Потеклото на изразот сарафан лежи во Персија. Стара Русија особено ја негувала за време на Големото Московско кнежевство силните врски со западна Азија и југозападна Азија, а исто така служела и како посредник во трговијата помеѓу европските земји како што е Шведска и азиските земји како што се Персија и денешна Турција. Сарафанот најверојатно потекнал од носија слична на кафтан која во Русија ја носеле и жените и мажите. Сарафаните станале најпопуларни во централните и северните руски региони. Низ трговијата со средна Европа раснеле квалитетот и бојата на облеката.

Сарафаните првобитно имале потесен крој, но облеката станала поширока и помалку го оцртувала телото под влијание на Руската православна црква.

По реформите на Петар Велики, кои исто така вовеле различни западни или модернизирани културни стандарди во Русија (со спротивставување), само селаните носеле сарафани за секојдневна употреба, додека повисокитеслоеви се префрлиле на средноевропската мода.

Во многу области на поранешното Големо Московско Кнежевство и денешна Јужна Русија поневската носија ја носеле и жените. Денес, облеката најчесто се гледа во руските фолклорни настапи и се носи на руските национални и верски празници. Дизајнери од Русија, Белорусија и Украина ја ребрендираат современата варијанта на сарафанот со неговото старо национално наследство за 21 век како лесен летен фустан со модерен дизајн кој може да биде дел од гардеробата на денешната жена.

Галерија

Поврзано

Хангерок

Наводи

Категорија:Руска култура Категорија:Руски ракотворби Категорија:Облека