Анастасија Георгиева Узунова (род. Чакарова) (Струга, 1862 – Софија, 1948) — македонска револуционерка, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис лево|мини|349x349пкс|Родната куќа на Анастасија во Струга и мајка ѝ Агнија Родена е во 1862 г. во градот Струга, тогаш во Отоманското Царство, во семејството на Георги Чакаров и Агнија Сапунџиева. Потекнува од револуционерниот род Чакаровци. Таа им е прва братучетка на Христо и Милан Матови. Се омажила за Димитар Узунов, долгогодишен учител и борец за независна македонска црква, близок пријател и роднина на Григор Прличев. Со својот сопруг имала неколку деца, меѓу кои се револуционерите Христо, Андон и Ангел Узунови.

Стапила во ВМОРО како главна организаторка на жените во Охридско и основач на женските организациски групи. Некои сметаат дека била и првата Охриѓанка што влегла во редовите на организацијата. Заедно со синот Христо, таа присуствувала на давањето заклетва на четата на Тале Горанов како претставничка на женската револуционерна група од Охрид.

По смртта на двајцата синови емигрирала во Софија, Бугарија, заедно со преостанатиот син Ангел, каде и починала во 1948 г. Погребана е во Централните софиски гробишта.

Родословие

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Узунови