Општина Катланово, именувана и како Месен народен одбор Катланово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.
Историја 1913-1915 Општина Катланово за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Брезица, Градманци, Катланово, Крушје, Летевци и Таор. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.
1915-1918 Општина Катланово продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.
Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Катланово продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Брезица, Градманци, Катланово, Крушје, Летевци и Таор.
1945-1955 Месниот народен одбор Катланово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Бадар, Блаце, Катланово и Кожле. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Катланово останал територијално непроменет. Истовремено, МНО Катланово припаднал под новата Скопска Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Катланово бил проширен со селата Брезица, Градманци, Крушје и Летевци, на сметка на укинатиот МНО Брезица. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Катланово го загубила селото Крушје на сметка на проширената Општина Иванковци. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Катланово била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Петровец.
Население Според пописот од 1913 година, Општина Катланово имала 1,152 жители, односно вкупното население на Брезица, Градманци, Катланово, Крушје, Летевци и Таор.
Според пописот од 1921 година, Општина Катланово имала 864 жители. Според верската припадност, 682 биле православни, додека 182 биле муслимани. Според јазичната припадност, 685 биле Срби/Хрвати, додека 179 биле Турци.
Според пописот од 1931 година, Општина Катланово имала 2,111 жители, од кои 1,160 биле мажи, а 951 биле жени. Општината се состоела од 263 куќи и 279 домаќинства.
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Катланово имал 1,542 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Катланово и Кожле. Од таа бројка, 1,373 биле Македонци, 77 биле Албанци, 79 биле Роми, 4 биле Црногорци, 2 биле Срби, 1 бил Хрват, 1 бил неопределен муслиман, 1 бил Турчин, 1 бил Унгарец, 2 биле Германци, додека 1 припаднал во графата „останати и непознато“.
Според пописот од 1953 година, Општина Катланово имала 2,087 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Брезица, Градманци, Катланово, Кожле и Летевци. Од таа бројка, 1,883 биле Македонци, 95 биле Албанци, 56 биле Роми, 35 биле Срби, 10 биле Црногорци, 4 биле Турци, 1 бил Хрват, 1 бил непределен Југословен, 2 биле останати Словени.
Поврзано Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915) Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931) Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953)
Забелешки
Наводи
Катланово Катланово Катланово Катланово Категорија:Маџарска Околија Категорија:Скопска Околија