„Шрек!“ е сликовница објавена во 1990 година. Напишана и илустрирана од американскиот писател и карикатурист Вилијам Стајг, книгата е за одвратно чудовиште кое го напушта домот за да го види светот и на крајот се жени со грда принцеза. Книгата генерално била добро прифатена по објавувањето, а критичарите ги пофалиле илустрациите, оригиналноста и пишувањето. Критичарите го опишале Шрек и како антихерој и ги забележале темите на книгата за задоволство и самодоверба. Книгата послужила како основа за филмот Шрек од „ДримВоркс Анимација“, кој подоцна станал медиумска франшиза. Заплет
Шрек бил зеленокожо, навидум неуништливо чудовиште кое испуштало оган и уживало во предизвикувањето мизерија со својот одвратен изглед и антисоцијално однесување. Откако неговите родители одлучиле дека мора да биде испратен во светот за да го нанесе својот дел од штетата, тие (буквално) го исфрлиле од нивното мочуриште. Шрек наскоро сретнал вештерка, која, во замена за неговите ретки вошки, му ја претскажала судбината, со изговор на магичните зборови „Јаболкова штрудла“, ќе бил однесен од магаре во замок, каде што ќе се борел со витез и ќе се оженел со принцеза која била уште погрда од него.
Возбуден на својот пат, Шрек сретнал селанец од кого украл а потоа го изел неговиот фазан, се спротивставил на напад од гром, молња и дожд јадејќи ја најжестоката молња и го нокаутирал змејот со својот огнен здив. Додека се одмарал, го вознемирувал кошмар во кој седи беспомошен и е прегрнат и бакнат од мноштво деца. Будејќи се, тој го сретнал магарето, кое го носело во замокот.
Шрек се соочувал со витезот што го чувал замокот; разбеснет од барањата на Шрек да ја види принцезата, витезот го нападнал, на што Шрек одговарал со огнена експлозија што го испратила во околниот ров. Внатре во замокот, Шрек бил преплашен кога се чинело дека бил опкружен со армија од слично грди суштества, но ја вратил својата решителност и самодоверба откако открил дека бил во салата со огледала. Конечно ја сретнал принцезата; меѓусебно воодушевеин од нивната заедничка грдотија, тие се венчале и „живееле ужасно засекогаш, плашејќи ги сите што ќе ги сретнат“.
Адаптации Стивен Спилберг ги купил правата за книгата во 1991 година, планирајќи да продуцира традиционално анимиран филм базиран на книгата (кој би бил во 2Д анимација, а во кој главните улоги ќе ги играат Бил Мареј како Шрек и Стив Мартин како Магаре). Сепак, „Дримворкс“ на крајот ги купиле правата за книгата за приближно 500.000 долари и ја ставиле во активен развој во ноември 1995 година.
Шрек бил издаден на 18 мај 2001 година во ЦГИ, со гласовите на Мајк Мајерс, Еди Марфи, Камерон Дијаз и Џон Литгоу. Филмот бил критички и комерцијален успех и ја освоил првата награда Оскар за најдобар анимиран филм. По него следеле неколку други филмови, вклучувајќи ги: Шрек 2 (2004), Шрек3 (2007), Шрек засекогаш (2010) и претстојниот Шрек 5 (2027). Првиот филм бил адаптиран во бродвејски мјузикл во 2008 година.
Неколку критичари ги истакнале разликите помеѓу филмот Шрек и оригиналната верзија на Стајг, вклучувајќи го додавањето ликови и менувањето на заплетот и моралот. Сепак, Стајг рекол дека му се допаднал филмот и дека драматично ја зголемил продажбата на неговата книга.
Категорија:Книги за деца