Долги Дол или Д’лги Дол — историско село во Кочанско, денес маало на Полаки.
Географија Селото се наоѓало високо на планината Осогово, северно од градот Кочани.
Историја Најстарите турски записи за селото се од пописните дефтери од 1570-73 г. каде селото е заведено со 14 даночни обврзници.
На крајот од XIX век Долги Дол бил чисто македонско село во Кочанската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Дълги Долъ имал 70 жители, сите Македонци христијани.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Дали дол (Dali-dol) имал 104 жители, сите Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.
Во септември 1910 г. селото настрадало за време на разоружувачката акција на младотурците и 96 лица од Мишино и Долги Дел пребегале во Бугарија.Дебърски глас, година 2, брой 24, 2 октомври 1910, стр. 4.
Подоцна селото станало дел од Полаки како негово маало.
Личности Апостол Заов (Завов, Захов) — борец во VII Кумановска дружина на МОП, земјоделец по занимање Мите Заов Велков — борец во II Скопска дружина на МОП, земјоделец по занимање Христо Петрев — револуционер, четник на војводата Симеон Георгиев во 1914 г., а четник и на Јане Велинов
Поврзано Полаки
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Полаки