Видојевица — планина во централна Србија, во близина на градот Прокупље. Нејзиниот највисок врв, Бандера, има надморска височина од 1,115 метри.
Астрономска станица На врвот на планината се наоѓа астрономска опсерваторија управувана од Белградската опсерваторија. Објектот се наоѓа на надморска височина од 1,150 метри и има минимално светлинско загадување.
60 сантиметарски Касегренов рефлектор бил инсталиран во пролетта 2011 година. Именуван бил „Недељковиќ“, по Милан Недељковиќ (1857–1950), првиот директор и основач на Белградската опсерваторија во 1887 година. Во следната фаза, во пролетта 2016 година, бил поставен роботизиран телескоп од 1,4 метри на станицата. Именуван е „Миланковиќ“, по геофизичарот, градежен инженер и астроном Милутин Миланковиќ, кој бил директор на опсерваторијата од 1948 до 1951 година.Future Robotic observatory on Mountain Vidojevica:site and equipment specification
Наводи
Категорија:Рилско-родопски Масив Категорија:Астрономијата во Србија Категорија:Планини во Србија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Астрономски опсерватории