Ричер () — американска телевизиска серија во жанрот акција, трилер, драма, криминалистика и детектив, заснована на циклусот книги за Џек Ричер од Ли Чајлд.

Премиерата на првата сезона, која се заснова на книгата „Кат на смртта“ (прва во циклусот книги за Џек Ричер), се одржала на 4 февруари 2022 г., на преносната платформа Amazon Prime Video. Само три дена по премиерата на првата сезона, на 7 февруари 2022 г., серијата била обновена за втора сезона. Таа се заснова на единаесеттата книга, „Лоша среќа и неволји“, а премиерата се одржала на 15 декември 2023 г.

На почетокот на декември 2023 г., пред да започне втората сезона, серијата била продолжена за трета сезона, која се заснова на книгата „Убедлив доказ“ (седма книга во циклусот). Во октомври 2024 г., пред премиерата на третата сезона, серијата била продолжена и за четврта сезона. Премиерата на третата сезона се одржала на 20 февруари 2025 г.

Содржина Џек Ричер е поранешен мајор во воената полиција на американската армија што поседува големо истражувачко и борбено искуство. Тој намерно претпочита да живее како скитник, патувајќи од град во град низ Соединетите Американски Држави, без определен престој или постојана врска со надворешниот свет.

Во првата сезона, Ричер пристигнува во селскиот град Маргрејв, Џорџија, каде што е погрешно уапсен за убиство на човек, за кого подоцна се открива дека е неговиот брат. Откако е ослободен, тој се здружува со двајца чесни полициски службеници, Оскар Финли и Роско Конклин. Заедно истражуваат местен заговор во кој се вмешани корумпирани чиновници, политичари и богат тајкун со неговиот син, кои водат моќен синдикат за фалсификување пари.

Втората сезона започнува кога со Ричер контактира Франсес Нигли, поранешен член на неговата стара армиска единица за специјални истраги. Таа го известува за убиството на друг нивен колега, по што тие ги собираат преостанатите членови на единицата со цел да ја одмаздат неговата смрт. Нивната истрага ги води до технолошка компанија што има корумпиран безбедносен оддел и е во заговор со опасен трговец со оружје.

Во третата сезона, Ричер се посветува на мисија за спасување разузнавач на ДЕА (Агенцијата за борба против дрога). Тоа го вовлекува во мрачното јадро на бизнис со увоз на теписи, кој служи како параван за големо претпријатие за трговија со оружје. Оваа злосторничка мрежа ја предводи Ксавиер Квин, непријател што потекнува непосредно од минатото на Ричер.

Улоги

| Алан Ричсон | Џек Ричер |- | Малколм Гудвин | Оскар Финли |- | Вила Фицџералд | Роско Конклин |- | Крис Вебстер | Кеј-Џеј Клајнер |- | Брус Макгил | Гровер Тил |- | Марија Стен | Франсес Нигли |- | Серинда Свон | Карла Диксон |- | Шон Сајпс | Дејвид О’Донел |- | Фердинанд Кингсли | А. М. |- | Роберт Патрик | Шејн Лангстон |- | Сонја Касиди | Сузан Дафи |- | Џони Бертолд | Ричард Бек |- | Роберто Монтесинос | Гиљермо Виљануева |- | Оливје Рихтерс | Паул ван Ховен |- | Брајан Ти | Франсис Ксавиер Квин |- | Ентони Мајкл Хол | Закари Бек

Епизоди

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

Категорија:Американски телевизиски серии __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Американски телевизиски трилери Категорија:Телевизиски серии на Amazon Studios Категорија:Оригинални програми на Amazon Prime Video Категорија:Американски акциони телевизиски серии Категорија:Американски детективски телевизиски серии