„Марни“ (англиски: Marnie) — филм на режисерот Алфред Хичкок од 1964 година. Главните улоги ги играат: Типи Хедрен, Шон Конери и Мартин Гејбел.РТС, Марни (пристапено на 6.10.2025)
Синопсис Марни Едгар постојано лаже и краде. Кога ќе се вработи како секретарка, веќе по неколку месеци ја ограбува фирмата во која работи и бега. Откако се вработува во фирмата на Марк Ратланд, таа го привлекува вниманието на згодниот сопственик, кој ја принудува да се омажи за него. Нивното брачно патување е катастрофа, зашто таа не може да поднесе да ја допира маж. По враќањето дома, Марк ангажира приватен детектив да го истражи нејзиното минато. Кога дознава што ѝ се случило во детството, Марк организира соочување на Марни и нејзината мајка. Тој знае дека Марни може да се спаси само, ако повторно ги доживее страшните настани од детството и да ги изнесе на површината потиснатиет спомени.
Наводи
Категорија:Филмови со Типи Хедрен Категорија:Филмови со Шон Конери Категорија:Филмови со Мартин Гејбел Категорија:Филмови од 1964 година Категорија:Филмови на Алфред Хичкок Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Трилери Категорија:Филм ноар Категорија:Американски филмови