мини|336x336пкс|Прва страница на записникот за седницата. Првата седница на АСНОМ — одржана на 6 август 1944 година, четири дена после Првото заседание на АСНОМ, во селото Рамно, Кумановско. Значајни резолуции биле донесени во седницата. Првите поверенства биле формирани во Президиумот на АСНОМ. Со новите решенија Македонија била поделена во четири области: Скопска, Битолска, Штипска и Кичевско-дебарска област. Седницата била одржана во селското училиште.

Цел Седницата била свикана под наредба од тогашниот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто. Средбата била одржана во селското училиште на Рамно, Кумановско поради тоа што било претходно ослободено. Средбата била организирана со следниот дневен ред:

Предлог за кооптирање нови членови во АСНОМ. Формирање на отдели (поверенства) при Президиумот и избирање раководни лица (повереници). Организирање поделбата на области во Македонија и избирање лица за спроведување на организацијата на тие области (Народно ослободителни одбори или НОО) Избирање лица за испраќање при Националниот комитет на НОЈ (Народноослободување на Југославија) и во странство. Испраѓање протести телеграми по повод говорот на Иван Субашиќа и интервјуто на Сава Косановиќ. Друго.

Под точката друго се разгледале следните цели:

Бидејќи југословенскиот динар сѐ уште не бил воведен, да се употребува бонови во нејзина замена. Да се издадат легитимација во најскоро време на сите лица кои ги управуваат народноослободителните одбори. Да се погледне предлогот на Методија Андонов Ченто за заменување Благоја Минов од Струмица со Тодор Ношал од Прилеп за претставник во АВНОЈ. Да се погледне предлогот на Методија Андонов Ченто за испраќање писма до извесни лица кои ќе се придружат во народноослободителната борба на Македонија. Панко Брашнаров да издаде брошура каде го поврзува Илинденското востание со Првото заседание на АСНОМ.

Решенија мини|341x341пкс|Втора страница на записникот за седницата.

Кооптирање нови членови во АСНОМ Во седницата претставници од Президиумот на АСНОМ одлучиле да кооптираат четири нови членови. Според записникот во Архивот на Македонија, членовите биле кооптирани поради: „...брзото свикување на АСНОМ, запоставиле извесни краишта на Македонија, се усвојуват предложенијата за кооптирање на следните лица за народни претставители во АСНОМ“. +Кооптирани членовиИмеДатум на раѓањеМесто на раѓањеПрофесијаКирил Крстев20 јули, 1909ПрилепРаботникВасил Калајџиовскин/пВевчани, СтрушкоСудијаЖивко Брајковски5 септември, 1917Беличица, ГостиварскоЗемјоделецАбдула Алијан/пПрешево, СрбијаРаботник

Формирање на поверенства За време на седницата првите поверенства на Президиумот на АСНОМ биле формирани. Осум нови функции биле основани: Поверник за информации, внатрешни работи, просвета, народно стопанство и обнова, финансии, соопштенија и градежниство, социјална политика и за судство. За повереници биле одбрани: +поверенициФункцијаИмеДатум на раѓањеМесто на раѓањеПоверенство за информацииПанко Брашнаров9 август, 1883ВелесПоверенство за внатрешни работиКирил Петрушев20 март, 1895БогданциПоверенство за просветаЕпаминонда Поп Андонов2 ноември, 1898СтрумицаПоверенство за народно стопанство и обноваЛазар Соколов18 март, 1914КумановоПоверенство за финансииБогоја Фотев14 август, 1900Герман, ЛеринскоПоверенство за соопштенија и градежниствоСтрахил Гигов16 септември, 1909ВелесПоверенство за социјална политикаАцо Петровски1901СкопјеПоверенство за судствоПетре Пирузе5 мај, 1907Охрид

Административна поделба на Македонија Под новото решение од Президиумот на АСНОМ, Македонија била поделена во четири области. Тие биле: Скопски, Битолски, Штипски и Кичевско-дебарски област. Подоцна во октомври истата година, после средбата во Горно Врановци, Кичевско-дебарскиот област бил укинат. Во областите влегле следните општински народноослободителни одбори: +ПоделбаБројИмеНаселени местаIСкопска областНОО Челопек, НОО Велес, НОО Ореов Дол, НОО Кратово, НОО Куманово, НОО Скопје и НОО Крива ПаланкаIIБитолска областНОО Долно Дисан, НОО Кавадарци, НОО Гевгелија, НОО Ресен, НОО Битола, НОО Десово и НОО ПрилепIIIШтипска областНОО Прилеп, НОО Кочани, НОО Берово, НОО Струмица и НОО ШтипIVКичевско-дебарска областНОО Дебар, НОО Галичник, НОО Вевчани, НОО Дебрца, НОО Белчишта, НОО Гостивар, НОО Маврово и НОО Кичево

Раководители на одборите Заедно со територијалната поделба биле назначни раководители на новоформираните народноослободителни одбори. Тие биле: +РаководителиБр.Бр. на областОбластНООРаководител1IСкопска областЧелопекМладен Георгиев2IСкопска областВелесМино Богданов3IСкопска областОреов ДолСтоилко Иванов4IСкопска областКратовоНикола Мицев5IСкопска областКумановоГојчо Стевков6IСкопска областКрива ПаланкаТрајко Цветанов7IIБитолска областДолно ДисанКамбер Хасан8IIБитолска областКавадарциНикола Минчев9IIБитолска областГевгелијаРисто Бајалски10IIБитолска областРесенИлија Божиновски11IIБитолска областДесовоМилан Стефанов12IIБитолска областПрилепДимче Миревски13IIБитолска областБитолаБорко Темелкоски14IIIШтипска областПрилепВера Ацева15IIIШтипска областКочаниНикола Вражалски16IIIШтипска областБеровоСтрахил Бајовски17IIIШтипска областСтрумицаБорис Поцков18IIIШтипска областШтипИсак Сион19IVКичевско-дебарска областДебарКемал Аголи20IVКичевско-дебарска областГалечникЖивко Брајковски21IVКичевско-дебарска областВевчаниВасил Калајџиовски22IVКичевско-дебарска областДебрцаКирил Крстев23IVКичевско-дебарска областБелчиштеЛазар Гиновски24IVКичевско-дебарска областГостиварВидое Смилевски25IVКичевско-дебарска областМавровоЕлисие Поповски

Дополнителни придонеси мини|335x335пкс|Трета и последна страница на записникот за седницата. За делегати во Националниот комитет на Народнотоослободување на Југославија биле одбрани: +ИмеДатум на раѓањеМесто на раѓањеКиро Глигоров3 мај, 1917ШтипЛазар Соколов18 март, 1914КумановоАцо Петровски1901СкопјеБогоја Фотев14 август, 1900Герман, ЛеринскоМетодија Андонов Ченто17 август, 1902Прилеп Било решено да ги пратат во Бари следните делегати: ИмеДатум на раѓањеМесто на раѓањеВладо Полежина30 мај, 1913КичевоИлија Џувалековски20 декември, 1915Прилеп Било решено да ги пратат во Москва следните делегати: ИмеДатум на раѓањеМесто на раѓањеВенко Марковски5 март, 1915СкопјеДимитар Влахов8 ноември, 1878Кукуш

Решенија Во седницата, следните решенија била усвоени:

Решение на Президиумот на АСНОМ за организирање поверенства при Президиумот на АСНОМ и назначување на повереници. Решение на Президиумот на АСНОМ за поделбата на Македонија во области. Решение на Президиумот на АСНОМ за именување лица за организирање на народноослободителни одбори во Македонија. Решение на Президиумот на АСНОМ за издавање на бонови како платежно средство. Решение на Президиумот на АСНОМ за избирање членот на АСНОМ Тоде Ношпал од Прилеп за член на АВНОЈ. Решение на Президиумот на АСНОМ за испраќање членови при Националниот комитет на ослободување на Југославија, во Бари и во Москва. Решение на Президиумот на АСНОМ за кооптирање членови во АСНОМ. Полномошно од Президиумот на АСНОМ на народните претставници од II област задолжени за организирање избори на народноослободителни одбори.

Забелешки

Наводи

Употребена литература

Дополнителни дела

Службен весник на Федералната Единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија (1945) год. I, бр. 1

Категорија:АСНОМ Категорија:Појавено во 1944 година во Македонија Категорија:Историја на Куманово