Втората седница на АСНОМ — одржана на 14 август 1944 година, дванаесет дена после Првото заседание на АСНОМ. Втората седница била брзо организирана после Првата на 6 август, во селото Рамно, Кумановско. Седницата се одржала во селската шума Петрова Гора во осум часот. Во седницата Президиумот на АСНОМ бил преуреден и нови поверенци биле одбрани. Делегати за Југословенскиот црвен крст биле одбрани. Претставници за во Централниот комитет на НОЈ, Бари и Москва биле одбрани. Во седницата првите темели на македонскиот правосуден систем биле поставени со одлуката да се основа испитувачка комисија. Средбата траела неколку часа со петнаесет делегати од АСНОМ.
Цел Седницата била свикана под наредба од Методија Андонов Ченто. Средбата повторно била во Рамно, Кумановско но овој пат наместо во селското училиште тие се преместиле во селската шума Петрова Гора. Сѐ вкупно биле поканети 22 претставници од АСНОМ за учество во седницата, но само 15 присуствувале поради работа на теренот. Седницата била свикана со следниот реферат:
Читање на записникот од Првата седница на АСНОМ. Организирање работа на поверенствата — одредување на референти. Назначување на законодателна комисија и државна комисија за испитување злочините починети од страна на окупаторите и нивните слуги. Одредување лице за Црвен крст. Друго.
Под точката друго се разгледале следните теми:
Предлог од Емануел Чучков да ги известат македонските граѓани за Првото заседание на АСНОМ и нејзините решенија. Предлог од Љупчо Арсов да им соопштат на останатото македонско население Киро Глигоров и Богоја Фотев за воведувањет бонови како парично средство. Допонителни одлуки за записникот. За испраќање претставници во Бари и Москва.
Придонеси
Делегати Сѐ вкупно дваесет и два делегати од АСНОМ биле поканети да учествуваат во седницата, но само петнаесет биле присутни. Поканетите претставници биле: +ИмеДатум на раѓањеМесто на раѓањеПрисуствоМетодија Андонов Ченто17 август, 1902ПрилепПанко Брашнаров8 август, 1883ВелесЕмануел Чучков27 ноември, 1901ШтипЉупчо Арсов9 мај, 1910ШтипВладо Полежина30 мај, 1913КичевоСтрахил Гигов16 септември, 1909ВелесЦветко Узуновски24 декември, 1912Царев Двор, РесенскоЕпаминонда Поп Андонов2 ноември, 1898СтрумицаБогоја Фотев14 август, 1900Герман, ЛеринскоПетре Пирузе5 мај, 1907ОхридКирил Петрушев20 март, 1895БогданциАцо Петровски1901СкопјеЛазар Соколов18 март, 1914КумановоГенадие Лешковн/пДреново, ПоречкоЛилјана Чаловска3 декември, 1920СофијаМихајло Апостолски8 ноември, 1906Ново Село, ШтипскоВенко Марковски5 март, 1915СкопјеЈован Ѓелев8 ноември, 1880Дреново, КавадаречкоКемал Аголи22 октомври, 1918ДебарВера Ацева24 ноември, 1919Ореовец, ПрилепскоКамбер Хасанн/пДолни Дисан, НеготинскоМладен Георгиевн/пЧелопек, Кумановско
Промени
Поверенства Следниот поверенички состав бил предложен и усвоен во седницата: ФункцијаИмеДатум на раѓањеМесто на раѓањеПоверенство за внатрешни работиПетар Манговски19 август, 1909Велушина, БитолскоПоверенство за финансииКиро Глигоров3 мај, 1917ШтипПоверенство за просветаДимитар Стојанов10 октомври, 1910ПрилепПоверенство за информацииВеселинка Малинска4 јануари, 1917КумановоПоверенство за социјална политикаБлагој Хаџи Панзов18 декември, 1911ВелесПоверенство за соопштенија и градежниствоАцо Георгиевн/пн/пПоверенство за народно стопанство и обноваСлавко Поп Антовски21 ноември, 1913ПрилепАсен Симитчиев24 ноември, 1916СкопјеПоверенство за судствоНема
Законодавна комисија Следните членови биле примени во законодавната комисија на Президиумот на АСНОМ: ИмеДатум на раѓањеМесто на раѓањеПетре Пирузе5 мај, 1907ОхридПетар Манговски19 август, 1909Велушина, БитолскоБлагој Хаџи Панзов18 декември, 1911ВелесАсен Симитчиев24 ноември, 1916СкопјеБлагоја Левковн/пВелесТодор Звездинн/пСкопјеВладо Полежина30 мај, 1913Кичево
Решенија Следните решенија се усвоени во Президиумот на АСНОМ:
Решение на Президиумот на АСНОМ за именување членови на Законодавната комисија при Президиумот на АСНОМ. Решение на Президиумот на АСНОМ за именување референти при поверенствата на Президиумот на АСНОМ. Решение на Президиумот на АСНОМ за именување Државна комисија за утврдување претстапите на окупаторите и нивните слуги. Решение на Президиумот на АСНОМ за именување делегати во Југословенскиот црвен крст. Решение на Президиумот на АСНОМ за испратување членови на АСНОМ при Националниот комитет на ослободувањето на Југославија, при средоземноморската комисија во Бари и за Москва.
Забелешки
Наводи
Употребена литература
Категорија:АСНОМ Категорија:Појавено во 1944 година во Македонија Категорија:Историја на Куманово