Утрото на еден спахија: Исечок од недовршениот роман „Рускиот спахија“ — расказ на рускиот писател Лав Толстој од 1856 година.
Сиже Кнезот Димитриј Нехљудов е 19-годишен студент кој се наоѓа на летен распуст во своето село. Таму, тој решава да ги прекине студиите и да се посвети на управувањето со имотот. Тој ги обиколува куќите во селото и им помага на сиромашните селани, делејќи им совети, пари, храна и друго. Гледајќи ги сиромаштијата, заостанатоста, суеверието и мрзливоста на своиет селани, тој се разочарува и сфаќа дека неговата благородна идеја да создаде благосостојба нема да се оствари.Лав Толстој, Мећава и друге приповетке. Народна просвета, Београд, 1933, стр. 145-224.
Наводи
Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази