Телуриј (познат и како телурион, телур, а друго име му е локсокозам) — часовник, обично од француско или швајцарско потекло, со механизам што прикажува како денот, ноќта и годишните времиња се предизвикани од ротацијата и ориентацијата на Земјата околу нејзината оска и нејзината орбита околу Сонцето. Часовникот вообичаено ја прикажува и фазата на Месечината и четиригодишниот календар.
Поврзан е со ореријата, која ги илустрира релативните позиции и движења на планетите и месечините во Сончевиот систем во хелиоцентричен модел.
Зборот телуриј потекнува од латинскиот збор tellus, што значи „земја“.
Поврзано
Астрономски часовник Модели на Сончевиот систем
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Годишни времиња Категорија:Астрономски инструменти