Кутија за птици () — постапокалиптичен филм на ужасите од 2018 г., режиран од Сузане Бир. Сценариото е напишано од Ерик Хајсерер, врз основа на истоимената книга од Џош Малерман од 2014 г.

Филмот ја имал својата светска премиера на 12 ноември 2018 г. на кинофестивалот на Американскиот филмски институт, а бил издаден во Соединетите Американски Држави во ограничено издание на 14 декември. Филмот станал достапен на Netflix на 21 декември 2018 г. На 14 јули 2023 г., било објавено продолжението, Кутија за птици: Барселона.

Содржина Среде кошмарната нова стварност каде што невидлива злобна сила го уништува светското население, самохраната мајка на две деца Малори се впушта во животозагрозувачка потрага за да го пронајде последното заштитено засолниште на Земјата. Меѓутоа, во оваа опасна потрага, видот е вистинскиот непријател. И додека ранливата заштитничка со врзани очи собира смелост да ги следи слабите траги од надеж, темнината може да биде единственото нешто што стои помеѓу луѓето и невидливиот противник. Арно ама, правилата за преживување се промениле. Ќе доживеат ли Малори и нејзините деца уште еден ден?

Улоги ГлумецУлогаСандра БулокМалори ХејзТреванте РоудсТомЏеки ВиверШерилЏон МалковичДагласСара ПолсонЏесикаРоза СалазарЛусиДаниел МакдоналдОлимпијаЛил Рел ХауериЧарлиПруит Тејлор ВинсРик

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2018 година Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Оригинални филмови на Netflix Категорија:Американски филмови за чудовишта