Пластичните торби за пазарење или пластични ќеси за пазарање се во употреба од страна на потрошувачите ширум светот од 1960-тите, тоа се врекички за пазарење, направени од разни видови пластика.

Понекогаш се нарекуваат торби за еднократна употреба - а тоа значи носење артикли од продавница до дома - иако ретко е торбите да се истрошат по еднократна употреба, во минатото некои трговци на мало (како Теско и Сеинтсбурис во Велика Британија) ги поттикнувале потрошувачите да ги користат повеќекратно нудејќи им поени за лојалност на оние што го правеле тоа. Дури и откако повеќе не се користат за пазарење, повторната употреба на овие торби за складирање или ѓубре е честа појава, а модерните пластични торби за пазарење се сè повеќе рециклирачки или компостирачки. Во последните децении, бројни земји вовеле закон со кој се ограничува користењето на пластични торби, во обид да се намали фрлањето отпадоци и загадувањето со тешко разградувачка апластика. Производство Иако на флобално ниво нема шести пресметки за количината на произведени најлонски врекички, активистите за животната средина проценуваат дека таа бројка е помеѓу 500 милијарди и 1 трилион кои штосе користат секоја година во целиот свет.

Во 2009 година, Комисијата за меѓународна трговија на Соединетите Американски Држави објавила дека годишно се користеле 102 милијарди врелички само во Соединетите Американски Држави.

Загриженост за животната средина

Бидејќи најлонските врелички се скоро неразградливи, тие се сериозен проблем за животната средина. Тие не се распаѓаат лесно и како резултат на тоа се многу штетни за ќивотинскиот свет. Секоја година милиони фрлени најлонски врекички за пазарење, завршуваат како пластичен отпад ѓубре, кој останува. Поради нивната издржливост, им требаат векови за да се раззградат.

На копно, пластичните торби се еден од најраспространетите видови отпадоци во населените области. Големите наслаги од најлонски врекички можат да ги затнат дренажните системи и да придонесат за поплави, како што се случи во Бангладеш во 1988 и 1998 година..

Забрана

Од август 2018 година, над 160 земји, региони и градови донеле закон за забрана или воведување такса за најлонските врекички со цел да се намали вкупната употреба . Во некои земји биле донесени закони за целосни забрани, особено Кина која ги забранила многу тенките најлонски врекички низ целата земја во 2008 година. Поврзано Фотодеградација, процесот преку кој хемикалиите се распаѓаат кога се изложени на светлина

Литература

Celloplast 1965 US Patent: Copy of US Patent 5669504 Scheirs, J. Polymer Recycling: Science, Technology and Applications, 1998, Selke, Susan. Packaging and the Environment, 1994, Selke, Susan. Plastics Packaging, 2004, Stillwell, E. J. Packaging for the Environment, A. D. Little, 1991,

Категорија:Пластика Категорија:Шведски пронајдоци Категорија:Торби за пазарење Категорија:Масовно производство Категорија:Производи за еднократна употреба