Патријарх Даниил () — православен духовник од Бугарија, од 30 јуни 2024 година 29. поглавар на Бугарската православна црква со титулата Патријарх Бугарски и митрополит Софиски. Пред неговиот избор за Патријарх, тој бил Видински митрополит (2018–2024) и Драговитски епископ (2008–2018).

Животопис Образование Роден е во Смољан на 2 март 1972 година со световно име Атанас Трендафилов Николов. Неговиот татко Трендафил Николов, по потекло од блиското село Кремене, бил офицер во Службата за државна безбедност на Смољанската регионална дирекција на Министерството за внатрешни работи (МВР).РЕШЕНИЕ № 153/ 27.07.2010 г., comdos.bg Подоцна работел како заменик-директор на регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи (до март 1992 година) и општински советник во Смољан (до август 1990 година),РЕШЕНИЕ№ 2-734/ 18.10.2016 г., comdos.bg пензионирајќи од Министерството за внатрешни работи со чин полковник. Неговата мајка Тодорка Николова е поранешна наставничка, долгогодишна предавачка по компјутерски науки во Економското техничко училиште „Карл Маркс“ во Смољан.Патриарх Даниил с майка учителка и баща полковник от ДС. Днес.бг., 02.07.2024 г.

Основно и средно образование завршил во родниот град. Потоа воената служба ја вршил како граничар во Смољанскиот граничен одред во периодот 1992-1993 година. Во 1996 година започнал да студира англиска филологија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, но следната година се префрлил на Теолошкиот факултет на истиот универзитет, кој го дипломирал во отсуство во 2002 година.

Духовен живот Во 1997 година, Атанас Николов бил примен за послушник во Хаџидимовскиот манастир „Свети Георгиј Победоносец“ под духовно водство на митрополитот Натанаил Неврокопски. На 7 август 1999 година, Неврокопскиот митрополит го потстрижал за монах, а следниот ден бил ракоположен за јероѓакон. На 21 јули 2004 година, бил испратен на послушание во Роженскиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“, а на 27 ноември бил ракоположен за јеромонах од неговиот епархиски епископ. На 1 јуни 2006 година, бил воздигнат во достоинство архимандрит.

На 20 јануари 2008 година, бил ракоположен за Драговитиски епископ и бил назначен за викар на митрополитот Неврокопски. Од 2011 година, служел како викарен епископ на Бугарската православна епархија во САД, Канада и Австралија до 2018 година. На 4 февруари 2018 година Даниил бил избран за Видински митрополит и бил во функциија се до неговиот избор за бугарски патријарх во 2024 година.

Патријарх на Бугарија На 30 јуни 2024 година, на Патријаршискиот изборен црковен собор, Даниил е избран, во втор круг, за Патријарх на Бугарската православна црква со 69 гласа наспроти 66 гласа за Митрополитот Григориј Врачански.

Наводи

Поврзано Бугарска православна црква Бугарија

Надворешни врски

Категорија:Христијански верски водачи Категорија:Православни епископи од 21 век Категорија:Бугарски патријарси