Масар Омерагиќ (роден на година во ) — моментален претседател на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), македонски стопанственик и поранешен фудбалер и фудбалски функционер. Од декември 2024 година е претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Фудбалска кариера Во текот на својата активна фудбалска кариера, Масар Омерагиќ настапувал за неколку македонски клубови. Бил дел од првата шампионска генерација на ФК Слога Југомагнат, а во фудбалската кариера настапувал и за ФК Балкан во единствената Југословенска лига, потоа Силекс од Кратово и Вардар од Скопје, најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.
Фудбалска администрација По завршувањето на фудбалската кариера, Масар Омерагиќ продолжил со ангажман во фудбалските институции. Од 2000 до 2002 година бил член на Меѓународната комисија при ФФМ, а во највисокото тело на ФФМ, Управниот одбор, бил член од 2002 до 2006 година. Во тој период ја извршувал функцијата директор на македонската репрезентација. Во 2024 година бил избран за претседател на ФФМ.
Бизнис Масар Омерагиќ по завршување на фудбалската кариера работел во фирмата на неговото семејство, а подоцна ја презел функцијата сопственик и генерален директор на транспортната компанија „Руле Турс“. Исто така бил сопственик и генерален директор на „РТ Транс логистик“, компанија за трговија на нафта, нафтени деривати и јаглен.
Личен живот Оженет и татко на два сина. Течно зборува англиски јазик.
Наводи Надворешни врски Официјална страница на ФФМ
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски фудбалски функционери Категорија:Фудбалери на ФК Слога Југомагнат Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје)