Вера Миланова Иваноска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од 1939 година му пpипаѓaлa на напредното работничко движење во Прилеп. Во 1940 година учествувала во Илинденските демонстрации и била член на воспитна група. Со окупацијата веднаш била примена за член на СКОЈ. Со исфрлањето на Првиот прилески партизански одред била избрана за член на пододборот на националниот фонд со задача да го снабдува одредот со се што му е нужно. Во почетокот на 1942 година формирала повеќе скоевски и воспитни групи и станала член на скоевското раководство. Одела по селата на прилепската околија и работела на омасовувањето на НОД. Во првата половина на 1942 година била примена за член на КПЈ. Била задолжена да пронајдува конспиративни станови за престој на илегалците, а од септември 1944 година по директива на Месниот Комитет на КПМ - Прилеп била испратена да формира одбори на АФЖ во прилепската околија.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ