Александра Попвасилева ( - ) — македонска фолклористка, собирачка на народно творештво и филолог.
Животопис Попвасилева е родена во 1933 г. во костурското село Куманичево, Егејска Македонија. Го напуштила родното село поради Граѓанската војна во Грција во 1948 г. и го прекинала образованието. Заминала во Романија како дете бегалец во прифатниот центар во Тулгеш. Подоцна завршила курс за учители и предавала македонски јазик на деца од прво до четврто одделение. Дипломирала на Филолошкиот факултет при Софискиот универзитет во 1958 година, а магистрирала на Филолошкиот факултет во Скопје во 1975 г. со темата „Раѓањето на јунакот во народните приказни на јужнословенските народи“ под менторство на Кирил Пенушлиски. Докторирала на Филолошкиот факултет во Љубљана со темата „Двојазичното раскажување на народни приказни (влашко-македонски и македонско-влашки релации)“ под менторство на Милко Матичетов.
По враќањето во Скопје во 1964 г. се вработила во НУБ „Св. Климент Охридски“, а од 1967 година, таа работела во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, каде го поминала најголемиот дел од својот работен век во научноистражувачка работа на народната проза и приказните, како и етнологијата и лингвистиката поврзани со Костурскиот регион. Во периодот од почетокот на 1995 - средината на 1997 г. таа раководи со Институтот како в.д. директор.
Починала во Скопје во 2022 година.
Трудови Автор е на неколку монографски трудови од областа на прозниот фолклор, како и на десетици статии:
1987: Двојазичното раскажување на народни приказни (влашко-македонски и македонско-влашки релации) 1992: Македонците во Канада раскажуваат: Националниот идентитет и народната проза на Македонците во Канада 1996: Македонски народни приказни од Костурско 1997: Проблеми на народната проза 2005: Толковен речник на одбрани зборови од костурскиот дијалект
Наводи
Категорија:Луѓе од Куманичево (Костурско) Категорија:Македонски фолклористи Категорија:Македонски филолози Категорија:Македонски собирачи на народни творби Категорија:Македонски општественици Категорија:Југословенски фолклористи Категорија:Југословенски филолози Категорија:Југословенски собирачи на народни творби Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Магистри на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Доктори на Љубљанскиот универзитет