Сараевски градски центар или Сараево сити центар — деловен комплекс и трговски центар во центарот на Сараево, Босна и Херцеговина, кој се состои од три главни дела: трговски центар и комплекс за забава; кула со хотел со пет ѕвездички; и кула со деловни канцеларии, со заеднички 4-катен подземен простор за паркирање со повеќе од 1100 паркинг-места.

Градилиштето се наоѓа во населбата Маријин Двор, во близина на центрите на јавната администрација, како и историските (музеи), образовните (кампусот на државниот универзитет) и деловните (УНИТИК, кулата Аваз твист и слични) градби. Јавниот превоз во близина овозможува пристап до стариот дел од градот за околу пет минути.

Медиумската фасада на овој трговски центар, што се користи за емитување реклами, вести, најнови вести од спортот, временска прогноза, победнички натпревари, двонасочна комуникација, е најголемата во земјата и еден од најголемите видео билборди во Европа.

Со вкупна изградена површина од 105.410 квадратни метри, Сараевскиот центар е една од најголемите комерцијални деловни згради во Босна и Херцеговина по завршувањето на почетокот на 2014 година.

Трговски центар и забавен центар Трговскиот центар нуди светски познати брендови од модата, спортот и технологијата. Се простира на 49.500 квадратни метри и содржи околу 80 продавници. Изнајмувањето простор и управувањето со трговскиот центар гои врши „Турк мол“.

Забавниот центар е сместен на третиот (игралиште) и четвртиот кат (куглана, ласер, чукачки количиња, детска игрална, симулаторски игри, билијард), и тука се наоѓаат повеќе од 15 ресторани со повеќе од 550 седишта.

Хотел Свисотел Сараево има 218 соби на 13.900 квадратни метри.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Pictures of the construction site

Категорија:Згради и градби во Сараево Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Трговски центри