Костадин Иванов (наречен Динката и Орехчето) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
Животопис Иванов е роден во 1876 г. во селото Календра, Серско, тогаш во Отоманското Царство, денешна Грција. Во 1901 г. тој бил затворен и една година поминал во затвор. По излегувањето од затвор бил во илегалност и станал војвода на чета во родниот крај. Учестувал во борбата во село Баница на 4 мај 1903 година, во која загинал Гоце Делчев. Иванов во борбата бил тешко ранет, останал без око. Учествувал и во Илинденското востание. По завршувањето на востанието, Иванов бил меѓу ретките војводи кои останале во Македонија. Бил предаден и опколен со својата чета во месноста Легин, меѓу селата Мелникич и Христос. Останал до крајот на борбата да ги заштутува своите комити, а на крајот се самоубил со последниот куршум.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Самоубијци Категорија:Македонски војводи